На профилот на професорот Иван Блинков, кој важи за еден од најголемите стручњаци во нашата држава од областа на ерозијата и уредување на пороите, прочитав инересни податоци за поплавите кои го погодиле Скопје во минатото и опасноста таквите непогоди повторно да ни се случат.
Експертите од овие области, во минатото, а и сеуште, предупредуваат за индолетниот однос на нашата држава по однос на ова прашање и опасностите кои ни се закануваат, па затоа сме многу ранливи на природните непогоди.
Се надевам дека тоа многу брзо ќе се смени и дека нивниот глас повеќе ќе се слуша, зашто во спротивно последиците од следните природни непогоди ќе бидат покатастрофални. Да нема забуна, тие не се “господ“ за да ги спречат природните непогоди, но можат да понудат квалитетни и издржани решенија како да се минимизираат последиците од нивната појава.
Опасностата од поплави не е помината
Поплавите кои се случувале во минатото биле циклични, односно во просек се јавувале на секои 25-30 години. Според стручњаците на овој период се јавуваат високи води на реката Вардар, кои можат да додведат до вакви поплави. Тоа значи дека влегуваме во ризичен период.
Постојат интересни можни сценарија за тоа што би можело да се случило во сегашниве услови доколку водите на реката Вардар го достигнат нивото на минатите поплави, особено поради узурпацијата на коритото на реката Вардар и градежните активности во него. Така според одредено можно сценарио, галијата пред Камениот мост би можела од него да направи своевидна брана, па се плашам да не се случи истото како во минатото и со камениот мост на реката Пена во Мала Речица - тетовско.
Изгледа како општество имаме проблем да направиме распоред на приоритети при инвестиции од општо добро, па треба природата да ни удри “шлаканица“ за да се освестиме - по примерот на Стајковци и Шипковица.
Напорите на нашите предци за спасување на Скопје од поплавите
Во блиското минато Вардар 10 пати го поплавувал центарот на градот и непосредна околина и тоа во 1778, 1858, 1876, 1895, 1903, 1916, 1935, 1937, 1962, 1979 година. Речиси сите поплави се случиле во периодот ноември-декември.
После поплавите 1895 и 1897 година, тогашниот валија Хафиз Мехмед Паша, наредил да се подигнат одбрамбени ѕидови. Тој концепт на одбрана со зголемувањето на градот продолжувал да се гради се до 1937 година.
После поплавата 1962 се увидело дека е потребна нова регулација, па така во 1965 година од Собранието на Скопје била формирана “Дирекцијата за регулација на реката Вардар” во Скопје. Дирекцијата во текот на следните 10 години ја подготвила и успешно ја извела регулацијата на Вардар во делот на градот Скопје.
Очигледно тогашните државни одргани согледале дека било неопходно да се формира вакво тело и за исполнување на поставените цели ја ангажирале норевешката фирма "Нортског", која била помеѓу првите 5 во светот за хидротехника. Оваа фирма по нарачка на Обединети Нации изработила “Студија за регулација и контрола на река Вардар – 1969 год.”
Новата регулација е изградена до 1975 година. Тоа бил исклучително голем и успешен проект, па поради тоа доѓале студенти од градежните факултети од целата Југославија (ги имало 19 во СФРЈ) но и стручњаци од оператива да видат тоа Скопско чудо и да научат од нашиот пример.
За тоа колку бил значаен и капитален овој проект говори и фактот што при еден светски собир за води во Белград, дури и светските научници во делот Field Trip, дошле да го видaт ова чудо во Скопје.
Подоцна со градбата на акумулација “Козјак“ е обезбеден и слободен простор од 100 милиони m³ за акумлирање на голем бран од реката Треска. Со тоа е подигната безбедноста на градот, но ......
Проф. Ц. Поповска (која е добитник на награда TOP 100 Scientists in the World – Cambridge award во 2010 година) во еден свој труд напиша:
“Со користење на едноставен хидролошки модел со кој специфични протеци за реките ce утврдени врз основа на мерени податоци Треска (qmax=0.53 m³/s⋅km²), Лепенец (qmax=0.312m³/s⋅km²), и Горен Вардар (qmax=0.248 m³3/s⋅km²), и ако се земе и ретенциониот простор во Козјак, максималниот протек во центарот на Скопје би бил 1.300 m³/s.“
Ова е речиси иста вредност како во 1962 година, додека во 1979 година протекот бил 980 m³/s. И тоа на чисто корито без никакви препреки на движењето и под услов да нема дрва, гранки и сличен кабаст матерјал, кој би можел да затвори некој од мостовите и да предизвика т.н. успор (а такво нешто да нема во река Врадар е тешко замисливо во случај на голема вода).
Ова е речиси иста вредност како во 1962 година, додека во 1979 година протекот бил 980 m³/s. И тоа на чисто корито без никакви препреки на движењето и под услов да нема дрва, гранки и сличен кабаст матерјал, кој би можел да затвори некој од мостовите и да предизвика т.н. успор (а такво нешто да нема во река Врадар е тешко замисливо во случај на голема вода).
И........ сега што правиме?
Дефинитивно реката Вардар треба да добие СТОПАН кој ќе се посвети само нему.
За обработка на текстот користени се податоци од Facebook профилот на професор Иван Блинков.
ConversionConversion EmoticonEmoticon