Собирањето габи како хоби може да ви го направи животот раскошно убав поради прошетките во природата и вкусните јадења, но може да се покаже и како минско поле, вели писателот Санде Стојчевски, еден од најдобрите познавачи на печурките кај нас.
ВНИМАВАЈТЕ КАКВИ ПЕЧУРКИ ЈАДЕТЕ – 3 ПАТИ ИМ ЈА ПРЕЧИСТУВАВМЕ КРВТА НО ОТРОВОТ БЕШЕ ПОСИЛЕН
Најважна е самопомошта – да се испие многу млака вода за да се поврати што побрзо и веднаш да се побара лекарска помош. Треба се користи медицински јаглен и никако да не се пие алкохол. Вообичаените симптоми се повраќање, пролив, тресење, понекогаш и халуцинации, зависно од тоа кој отров доминира
Во труењето што се случи од консумирање отровни печурки пред некоја година во Тетовско, докторите трипати им ја пречистувавале крвта на сите седуммина затруени, кои примиле и 12 единици крвна плазма, но отровот од печурките бел посилен и, за жал, фатален и за таткото и синот, кои мислеле дека јадат голупки, но најверојатно јаделе аманита вироза, една од најотровните печурки, според тоа што го опишуваа – изјавиле од Kлиниката за токсикологија.
Во тој период продолжило интензивното лекување на петтемина блиски роднини на Миланче и Трпче Мирчевски од Тетово, таткото и синот, кои не го преживеале оброкот со печурките, кои самите ги собирале, и вчера попладне беа погребани.
На вечерата за малку ќе присуствувале и една бремена жена со сопругот, но во последен момент откажале, зашто на жената, едноставно, „не и се одело“ а можеби токму тоа им го спасило животот!
Amanita virosa
Најмногу грешки и најголеми трагедии се случуваат поради двојниците на шампињоните. Шампињоните ги има на ливадите, полјаните, дома во дворовите, во пролет, на лето и во рана есен, бели се и лесно забележливи, излегуваат масовно… Луѓето ги прогласуваат за безбедни, без да знаат дека нивните двојници аманита вироса (смрдливката) и амнита верна се меѓу најотровните. А аманита мускарија, атрактивната печурка од детските книги е отровниот двојник на аманита цезареја, една од највкусните габи кај нас позната како благва, булка или јајчарник. Kај нас расте и „кралицата“ на отровните печурки аманита фалоидес, која освен што е набиена со отрови и е многу подмолна бидејќи ја има бела, жолта и зелена, поради што може да се замени не само со шампињоните, туку и со многу други како што е зелената гулапка – вели Стојчевски, кој препорачува секогаш да ги учат латинските имиња, како единствено сигурни за препознавањето.
Најголема закана се оние отровни габи што првите симптоми ги даваат по неколку дена, а рекорд е смртниот исход по цели 60 дена откако габата била консумирана. Најважна е самопомошта – да се испие многу млака вода за да се поврати што побрзо и веднаш да се побара лекарска помош. Треба се користи медицински јаглен и никако да не се пие алкохол. Вообичаените симптоми се повраќање, пролив, тресење, понекогаш и халуцинации, зависно од тоа кој отров доминира.
Извор: /mkd-news.com/
ConversionConversion EmoticonEmoticon