Владата одлучи да нема повеќе Ден на дрвото


На денешната седница Владата после поради слаб ефект од досегашното пошумување донесе одлука за престанок на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ и го задолжи ЈП Македонски шуми да достави сеопфатна информација за ефектите и резултатите од оваа акција.
Според првичните анализи, во изминативе години на површина од околу 13.000 хектари биле засадени преку 35 милиони садници. Ефектот од претходните акции во зависност од локацијата се движи од 0 % до само 15 %, односно на многу е мал процентот на успешно засадени дрва.
Акцијата Ден на дрво – Засади ја својата иднина, започна во август 2007 година, кога оперскиот пејач Борис Трајанов, поттикна проект за масовно засадување на голините низ целата територија на државата. Владата го прифати овој предлог на Трајанов и оттогаш секоја година организираше акции за садење дрва, а денот беше неработен но се одработуваше во некоја наредна сабота.
Идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма за проширена репродукција на шумите на Македонски шуми.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]