Кодекс на Планинарската Етика


Помеѓу редовните посетители на планините постојат непишани правила на однесување. Тие се базираат на хуманизам, почит, пријателство и алтруизам, како одраз на човечките квалитети на секој поединец. Секој културен планинар ги знае и се придржува до принципите на планинарската етика. Етичките стандарди на однесување во планината може да се сумираат во кратка форма со овој кодекс:
·         Темпото на одење се прилагодува на најслабиот пешак во групата. Советувајте го и понудете му помош.
·         Во планина не оставај член на друштвото сам; во случај на несреќа постои морална и кривична одговорност.
·         При средба во планина планинарите меѓусебно се поздравуваат: помладите ги поздрават постари лица, мажите жените, оние кои се искачуваат на оној кој се спушта (со што симболично му оддаваат признае за извршеното искачување).
·         При средба со локалното население треба да се биде посебно пристоен, имајќи во предвид дека правилата на однесување на луѓето кои живеат во планина се построги отколку во градовите.
·         На луѓето кои живеат во планините оддолжи им се за услугите и храната на пристоен начин, водејќи посебно сметка за нивната скоромна имотна состојба.
·         Патувајќи по планинските патеки, во границите на своите можности отстранете ги камењата и гранките, поправете ги патоказите и граничните камења на патот.
·         Не викај и не се дери во планината, не го пуштај гласното радиото, додека пеењето треба да биде умерено и ненаметливо.
·         Не палете оган во планина и не прави големи огнови; огништата огради ги со камења и пред да го напуштите огнот внимателно изгаснете ги.
·         Одпадоците не ги оставај расфрлани, туку собери ги на затскриено место, ѓубрето понеси го со себе.
·         Во случај на несреќа во планина, откажи се од своите планови и солидарно придружи се кон акцијата на спасување.
·         Не се истакнувај себе си и своите способности, особено не така да ги наговараш другите на натпреварување во бризина на искачувањето. Планинарството не е спорт, туку во планина посилниот му помага на послабиот.


·         На врвовите каде постојат кутии за потпис, пред да заминеш внимателно смести ги книгата и печатот.
·         Почитувај го заштитниот режим во националните паркови и во природните резервати, придржувај се на упатствата на чуварите; не ги корнете и не ги уништувајте билките, ни законски заштитените, а ни незаштитените.
·         На резервоарите во карстните региони задоволи се со чутурка или шише со вода за пиење; не ја истурај водата и не барај вода за капење.
·         Планинарското засолниште после употребата очисти го, пред напуштањето снабди го со дрва за огрев и на идните посетители остави им го вишокот на храна.
·         При пристигнувањето во планинарскиот дом претстви му се на домарот, почитувај го неговиот авторитет; за време на престојот биди умерен во барањата, а на заминување поздрави го и извести го за насоката на својот понатамошен пат.
·         Во планинарската куќа почитувај го куќниот ред, не влегувај во спалните во кондури, не зафаќај повеќе место одколку што ти е потребно, предност при спиењето имаат жените, децата и постарите и исцрпени особи.
·         Во планинарската куќа после 22 часот почитувајте го целосниот мир и не го реметете мирот.
·         Почитувајте ги упатствата на водичот, обидувајќи се да не го нарушите остварувањето на заедничките цели на целата група. Почитувајте ја одлуката на водичот дури и кога не се согласувате со него.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]