Општи заштитни мерки при работа со моторна пила



При изведба на работи во сеча потребно е да се почитуваат некои општи упатства за безбедна употреба на моторна пила.
1. Внимателно да се прочита прирачникот со упатство за работа со моторна пила. Почет ниците задолжително треба добро да се запознаат со карактеристиките на пилата, а потоа да почнат со едноставните операции на пилење.
2. Пред употреба на пилата, добро да се прегледаат моторот, водилицата и ланецот, како и сигурносните справи на секој дел од машината и тоа секогаш пред употребата на пилата. Ланецот задолжително треба да биде правилно наместен.
3. Кога се употребува моторна пила, секачот мора да биде крајно сконцентриран. Никогаш не се употребува моторна пила при нарушено здравје или под дејство на алкохол или седативи.
4. Облеката треба да е складна, затегната, без делови кои висат во просторот, да се носи сигурносен шлем, заштитник за очи, кожни нараквици и чизми наменети за овој вид на работа.
5. Слухот е потребно да се заштити со вата или слушалки.
6. При изведба на сеча секогаш се работи смирено и смислено. Опасноста ќе се спречи со смислен план.
7. При работа пилата се држи цврсто со двете раце на места предвидени за држење на пилата.
8. При работа со пила задолжително треба да се обезбеди сигурносна положба.
9. При сеча секогаш треба да се обезбеди лесно пристапно подрачје за работа и доволен простор за отстапување.
10. Во подрачјето каде се изведува сеча не смее да се допушти присуство на други лица.
11. Моторна пила не се вклучува во затворена просторија поради издувните гасови.
12. Моторната пила може да се носи и пренесува кога моторот е во мирување, односно кога е активирана сопирачката на ланецот. Пилата се носи во положба кога мечот и ланецот се свртени назад.
13. Не го полните резервоарот за гориво во близина на оган и не пушите.
14. Кога се пили во височина над рамена, да се употребува само долната страна од мечот.
15. Не го употребувајте врвот на мечот за да го спречите паѓањето назад.
16. Никогаш не изведувајте сеча качени на крошна.
17. Кога се контролира затегнатост на ланецот, при повторното монтирање или затегање да се работи кога моторот е во мирување.
18. При соборување на стеблото, употребувајте пластични или алуминиумски клинови. Пред да почне да паѓа стеблото, гласно предупредете ја околината, а потоа отстапете назад неколку метри. Внимавајте на гранките што паѓаат и ударот на трупците.
19. Кога се сече расцепено дрво да се внимава на парчињата што се распрснуваат.
20. Кога се прережуваат трупци на стрм терен, секогаш се стои над трупецот.
21. Редовно надгледувајте ја моторната пила и контролирајте ги сите достапни навртки и завртки.
22. Работата со моторна пила влијае на здрав јето на секачот, затоа е потребно при работа да се прават почести паузи.

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]