Се уште се свежи сеќавањата на неодамнешното невреме во тетовско кое однесе шест човечки животи и предизвика огромни штети во домовите и на инфраструктурата. Тоа ни покажа кои се последиците кога некоја област е погодена од ерозија на земјиште и како изгледа кога планината ќе се спушти.
Но тетовско не е единственото место во нашата држава во кое може да се случи такво сценарио. Така, соред едно истражување спроведено во 1993 година, некаков вид на ерозија е забележана кај повеќе од 95% од вкупната површина на Репубилка Македонија стои во публикацијата „Земјоделството и климатските промени" на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во меѓувреме како резултат на континуираното преискористување на шумите речиси со сигурност овој процент е зголемен, a нашата државадефинитивно е една од најранливите и најпогодени држави на Балканот која е изложени на деградација на земјиштето.
Кои се причините за ерозијата
Постојат повеќе причини за ваквата состојба со ерозијата во нашата држава, но според наведената публикавија главните причини за оваа раширена ерозија е планинскиот релјеф, неодржливите земјоделски практики, масовното обесшумување, како и промените на климата проследени со интензивни врнежи и суши.
Ерозијата предизвикана од вода е главниот вид на ерозија, при што интензивните и концентрирани врнежи предизвикуваат лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и поплави. Според побликацијата во Македонија поради ерозија се губат секоја година по околу 17 милиони кубни метри обработлива почва, што ги осиромашува почвите и ги намалува приходите.
Како сериозна причина за ерозијата се неведуваат неефикасните системи за наводнување, прекумереното користење на вештачки губрива и пестициди, како и рударските активности. Покрај тоа како што што во публикацијата, сериозен проблем е и тоа што голем дел од почвата во урабизираните и индустриските предели е контаминирана со тешки метали и со органски хемикалии.
„Речиси 30 до 80 илјади хектари наводнувано земјоделско земјиште е подложно на салинизација и други форми на деградација", стои во публикацијата.
Шумските пожари, незаконската сеча на дрвјата, како и преискористувањето на шумите, исто така влегуваат во најголемите причини за зголемената опасност од ерозија во земјава.
Шипковица
Непланската урбанизација во посебно ризични места, неуреденоста на ризичните делови со разни био-технички мерки, како и сечата на дрвјата кои со своите корења ја стабилизираат почвата, само дополнително ја влошуваат целата ситуација.
ConversionConversion EmoticonEmoticon