Oдржливото шумарство претставува управување со шумите во согласност со принципите на одржлив развој, при што се води грижа за еколошките, општествените и економските аспекти на шумските ресурси.
Одржливото шумарство денес претставува општо прифатен концепт преку кој стопанисувањето со шумите се става во рамка и обем кој нема да ги нарушува функциите на екосистемите. За овој концепт, на Министерската конференција за заштита на шумите во Европа (MCPFE) одржана во 1993 година во Хелсинки беше усвоена следната дефиниција: „Под одржливо стопанисување се подразбира стопанисување и користење на шумите и шумското земјиште на начин и во обем (степен) со кои се одржуваат нивниот биодиверзитет, продуктивност, способност за регенерација, виталност и нивниот потенцијал за исполнување, сега и во иднина, на релевантните еколошки, економски и социјални функции на локално, национално и глобално ниво, односно на начин кој не предизвикува оштетување на други екосистеми”. Ова дефениција подоцна беше усвоена и од Организацијата за храна и земјоделство (ФАО).
Одржливото шумарство треба да ги следи принципите за заштита на биолошката разновидност и нејзиното одржливо користење со кои се дефинирани односите помеѓу заштитата, одржливото користење на природните ресурси и одржливиот човечки развој, предвидени со Конвенцијата за биолошка разновидност.
Одржливото шумарство треба да ги следи принципите за заштита на биолошката разновидност и нејзиното одржливо користење со кои се дефинирани односите помеѓу заштитата, одржливото користење на природните ресурси и одржливиот човечки развој, предвидени со Конвенцијата за биолошка разновидност.
Всушност, усогласувањата на принципите кои треба да ги содржи одржливото управување со шумите и за степенот на остварување на неговите цели и примена во практиката беа отпочнати во 1992 година на светскиот Самит за одржлив развој во Рио де Женеиро. Потоа, во 2007 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои правно необврзувачки мерки за сите видови на шуми, со што за првпат е промовиран инструмент од ваков вид со кој се одразува силна меѓународна заложба за промовирање и имплементација на одржливо управување со шумите преку нов пристап кој ги вклучува сите засегнати страни.
Примена на концептот
Со примената на принципите на одржливото шумарство се воспоставува здрав и полезен концепт преку кој во шумарството се креираат планови и стратегии кои овозможуваат зачувување на шумските екосистеми во поприродна форма, без притоа да се наруши безбедноста на севкупниот биодиверзитет, да се сочува природната околина и да се обезбеди продуктивност на шумските ресурси, како и можност за исполнување на социо-економски продобивки за луѓето.
Ваквиот начин на управување со шумите бара воспоставување на голем број механизми од административен, економски, правен и социјален аспект. Неопходна е примена на современи научни и стручни методи со кои шумите ќе се одгледуваат, заштитуваат, обновуваат и користат, без притоа да бидат нарушени нивните пејсажни, естетски, рекреативни, производствени и еколошки функции, како и зачувување на генетската разновидност и другите ресурси и вредности во шумата.
За да може да се воспостави одржливо шумарство потребно е внимателно планирање на сите мерки и активности во шума со кои нема да бидат нарушени компонентите на биолошката разновидност ниту пак природиот амбиент на животната средина. Според тоа потребно е да се напуштат одредени практики како што се чистите сечи на голема површина, и другите посилноексплоатирачки практики, а на нивно место да се применуваат природосообразни методи и мерки кои нема во голема мера да влијаат на природниот развиток на шумскиот екосистем и на видовите во него.
Одржливо стопанисувани буково-елови шуми | Одржливо стопанисувани белборово-букови шуми |
Одржливо стопанисувани букови шуми | Одржливо стопанисувани букови шуми |
Концептот на одржливото шумарство всушност треба да постигне рамнотежа – баланс меѓу зголемените барања на општеството за шумски производи и други придобивки од една страна и зачувување на разновидноста и здравствената состојба на шумата од друга. Оваа рамнотежа е од клучно значење за опстанокот на шумите и за шумските екосистеми.
ConversionConversion EmoticonEmoticon