Природните услови во Р. Македонија условени од местоположбата, климата, релјефот, педолошко-геолошката градба на теренот, хидролошко-хидрографските карактеристики и друго, овозможуваат опстанок и развој на голем број растителни и животински видови. Поради тоа, нашата држава се вбројува во земјите со богат биодевирзитет. Голем број на растителни и животински видови се реликти и ендемити.
Врз основа на многубројните општокорисни функции на шумите, Република Македонија ги гледа шумите како дел од националното богатство, односно наследство. Потврда за тоа е Уставот на Република Македонија каде "сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита".
Република Македонија се простира на површина од 2.543.200 ха. Според најновите податоци од Посебните планови за стопанисување со шумите кои се за стопанска намена (состојба,2008.година), вкупната шумска површина во РМ изнесува 1.091.857,59ха, од кои 835.055,82ха се вкупно обрасната површина и 256.801,77ха необрасната шумска површина(голини).
Шумарството е индустриска гранка која го опфаќа одгледувањето и искористувањето на шумите. Тие имаат големо значење за здравјето на населението, бидејќи го прочистуваат загадениот воздух, ги ублажуваат ветровите, ги спречуваат ерозијата и поплавите. Дрвјата имаат широка примена во градежништвото, дрвната и хемиската индустрија.
Шумите зафаќаат скоро една третина од копното на Планетата Зeмја и по правило се наоѓаат на оние локалитети каде, заради неповолна клима, неплодно земјиште, непристапни терени и конфигурација на земјиштето, не се погодни за земјоделство производство или друга намена. Според прегледот на апсолутна од 35% и релативна шумовитост од 0,47ха на жител, Република Македонија, со површина 2 571 000 ха и број на жители 1 909 000 и обраснато шемјиште 835.055,82ха, се наоѓа долниот дел на прегледите во регионот (пред Словенија и Црна Гора).
ConversionConversion EmoticonEmoticon