Три многу важни работи, се главната причина заради која многу луѓе се одлучуваат да го заменат постоечкиот котел (на нафта, гас, дрва итн) со котел на пелети:
- Трошоците за греење, во суштина се преполовени.
- Котлите на пелети се многу полесни за одржување и заштедуваат драгоцено време заради лесното полнење со пелети.
- Инвестицијата со поставување на котел на пелети се враќа за веќе 3-4 години.
1. ЗА КОЛКУ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ?
Со котлите на пелети трошоците за греење се намалуваат речиси за 50 % во споредба со котлите на нафта.
За тоа колку поточно би се намалиле трошоците за греење со користење на пелети можете да заклучите од следниот пример: за 1000 литри нафта за домаќинство ќе ви бидат потребни околу 800 евра, а додека пак рамномерно на потребните 1000 литри нафта ќе ви бидат потребни 2 тони пелети кои ќе ја дадат истата топлина во вашите домови, а цената за нив ќе изнесува само 420 евра. Па од тука се гледа реално дека заштедата е негде околу половина.
Некои луѓе можеби се скептици околу одржливото ниво на цената на пелети, бидејќи велат дека цената за нив ќе порасне за многу брзо време, како и на останатите енергенси. Меѓутоа во пракса се покажало дека во земји кои се богати со шуми (како Македонија) тешко е остварливо растењето на цената за пелетите, затоа што како расте побарувачката за пелети, така ќе се зголемува производството на истите и соодносот на цената ќе остане речиси ист.
2. ОДРЖУВАЊЕТО НА КОТЕЛОТ НА ПЕЛЕТИ Е МНОГУ ЛЕСЕН И НЕ ОДЗЕМА МНОГУ ВРЕМЕ
Согорувањето на пелети нормално остава отпадоци во вид на пепел, која за разлика од огревно дрво количински е многу помала, а тоа може да се заклучи по самото тоа што котелот ќе треба да го чистите само еднаш неделно. Чистењето на пепелта е многу едноставно поточно кажано, со најобична правосмукалка се вшмукува и тоа ќе ви одземе не повеќе од 5 минути. Како пример може да послужи 1 тон пелети кои од кога ќе бидат согорени, од нив ќе остане само 1 килограм пепел, или во пракса ова би значело недела дена греење, а само еден грст отпаток во котелот.
Кога котелот еднаш е исчистен и наполнет со пелети наредното полнење ќе биде дури после две недели, нормално тоа е во зависност од големината на силосот за пелети и температурата која е посакувана во домовите. Накратко кажано, во текот на една грејна сезона полнење на пелети се врши 7 до 10 пати. По чистењето и полнењето на котелот следно што треба да се направи е подесување на саканата температура преку автоматиката, за да може лежерно и опуштено да ја имате посакуваната температура во домот без да помислувате на функционирањето на котелот во наредните две недели.
3. КОГА ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ ИНВЕСТИЦИЈАТА?
Да речеме се греете со котел на нафта и треба да се загреваат 200 m², цената која би ја платиле за овој начин на загревање би изнесувала приближно 1800 евра. Со замена на овој котел и поставување котел на пелети за истата квадратура ќе потрошите околу 900 евра на пелети. Од овде гледаме дека за една грејна сезона со греењето на пелети заштедуваме некаде околу 900 евра, што значи дека инвестицијата би ја вратиле за околу 3-4 години.
Ова е доволна причина ако не се решите да го замените веќе постоечкиот котел, барем да се размислува на оваа тема која и те како е интересна и ќе биде оправдан секој вложен денар во енергетски поефикасни елемнти за производство на топлина во вашите домови.
НАСОКИ КОИ ЌЕ ВИ ГО ОЛЕСНАТ ИЗБОРОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА КОТЕЛ НА ПЕЛЕТИ
Предноста од поставување на котел на пелети ја видовме во погорниот текст и заклучивме дека со овој котел имате греење во домовите со многу помалку потрошено време околу полнење и одржување на котелот.
Повеќето домаќинства веруваме дека веќе имаат поставено котли на дрва кои на овие простори се најекономични во моментов, додека не се појавија пелетите како опција за огревен материјал. За да не би се вложувале дополнителни средсва во инвестирање на нови котли кога веќе имате поставено пред непосреден период, производителите на котли на пелети имаат направено опција, со поставување на горилник на пелети да се пренамени веќе постоечкиот котел и со самото тоа да заштедите уште на старт при самата инвестиција некои 1000 евра.
Најповолна инвестиција би било кога имате веќе дотраен котел или имате нова куќа во која инвестирате нов котел наменет за греење на целата куќа уште во самиот старт да инвестирате во малку поскапа варијанта т.с во котел на пелети кој е исклучиво наменет за работа на пелети. Овој котел можеби е поскап од купување на котел на дрва и додавање на горилник за пелети, меѓутоа подобро е на самиот старт во инвестицијата за греење на вашиот дом да вложите некои си дополнителни 500 евра, кои верувајте дека ќе бидат паметна инвестиција за годините кои следат. Имено, со оваа инвестиција ќе ги намалите трошоците околу евентуални сервисирања на горилниците и купувања на дополнителни делови, а со самото тоа заштедувате на време и избегнувате непотребни нервози поврзани со греењето. Од приложеното може да заклучиме дека со инвестирањето од самиот старт во котел на пелети инвестицијата ја враќате за 3-4 години.
Постојат и многу поефикасни котли на пелети кои имаат високо продуктивна работа и се многу полесни за одржување бидејќи речиси и да не оставаат отпаден материјал кој треба да се чисти. Меѓутоа цената на овие котли е далеку поскапа од останатите, првенствено заради новата технологија која е вложена во инсталацијата на овие котли кои успеваат да го согорат пелетот во целост и да извлечат максимален ефект во греењето на домовите.
ConversionConversion EmoticonEmoticon