Веројатно знаете дека лисјата во есен ја менуваат бојата бидејќи го губат хлорофилот што ги прави зелени, што овозможува да се види жолто-портокаловиот пигмент што се наоѓа одоздола.
Сепак ,ова не објаснува зошто растенијата воопшто го губат хлорофилот. Како што се нагласува во последната епизода од „MinuteEarth“, мора да постои добра причина за тоа.
За разлика од зимзелените растенија кои ја задржуваат бојата преку целата година, кај листопадните дрвја лисјата ја менуваат бојата во есен и потполно отпаѓаат во зима за да можат дрвјата полесно да ги поминат зимските услови. Но, на прв поглед се чини дека ова нема многу смисла со оглед на тоа дека со паѓањето на лисјата се отфрлаат и сите хранливи материи што дрвото со месеци ги црпело од почвата за да ги изгради тие лисја.
Но, природата е многу папаметна од тоа. Секоја есен листопадните дрвја ги рециклираат хранливите материи од своите лисја пред тие да отпаднат. „Тоа значи дека ги одделуваат клетките и фотосинтетичкиот апарат (хлоропластот) од внатре кон надвор, со цел да го надоместат азотот и фосфорот и да го складираат во гранките до следната пролет“- вели Хенри Рич.
Ова е всушност прилично сложено, бидејќи, штом дрвото започне да ги разградува хранливите материи, хлорофилните молекули што ја апсорбираат сончевата светлина за фотосинтеза, продолжуваат и понатаму да апсорбираат светлина како ништо да не е сменето. Но, бидејќи фотосинтезата не се случува, неискористената енергија завршува како кислородни молекули кои можат да бидат многу опасни и да ги уништат деловите од листот кои се во процес на рециклирање на хранливите материи.
За да се сведе оваа деструкција на минимум, хлорофилот во лисјата се распаѓа во помалку опасни молекули кои обично се проѕирни, иако понекогаш можат да бидат и жолти. И бидејќи зелениот пигмент исчезнува, жолтиот и портокаловиот пигмент (кои се постојано присутни и ја помагаат фотосинтезата) излегуваат на виделина, па така лисјата стануваат жолти и портокалови.
Некои дрвја имаат и дополнителни мерки за заштита од оваа деструкција што е индуцирана од хлорофилот. Кога ќе почнат лисјата да се распаѓаат тие создваат нов специјален пигмент што го штити хлорофилот од сончевата светлина додека не се разгради. Овие нови пигменти обчно се црвени или виолетови по боја, така што дрвјата што создаваат вакви пигменти во есен имаат црвени листови – понекогаш дури и необично светло црвени.
На овој начин листопадните дрвја успеваат да обноват и до 50% од азотот и фосфорот од своите стари листови, што ќе им помогне да израснат нови зелени листови следната пролет.
ConversionConversion EmoticonEmoticon