Интересни податоци за Шар планина



Шар Планина е една од нашите најубави планини. Таа се простира во крајниот западен дел од нашата држава и високо се издига над полошката котлина. Поледниве години се погласни се поборниците оваа планина да биде прогласена за национален парк за да се зашува нејзината природна убавина и богатството на флора и фауна. Во продолжение запознајте се со некои интересни податоци за овој наш планински бисер, кои се потенцирани од пријателите на Шара.


МЕСТОПОЛОЖБА

·         Највисокиот врв на Шар Планина е Титов Врв
·         Се до крајот на XIX век се сметало дека Шар Планина, со врвот Љуботен е највисока планина на Балканот.
·         Во антиката, Шар Планина била позната како Scardus.

·         Најниската температура измерена на Попова Шапка е -23,7°C, а највисоката 30,6°C.
·         Во просек, на Попова Шапка се јавуваат 149 денови со снег (септември-мај/јуни).
·         Шар Планина е единствен масив во Европа каде што може да се оди 95 километри, од Љуботен до последниот врв кој се вика Расангул, и во ниеден момент да не се спуштите под 2200 метри надморска висина.
·         Под подножјето на Шар Планина низ векови настанувале и се развивале различни религии  од кои доминираат исламската и православната религија.
·         Највисок врв е Титов Врв (2748 m), а планината се одликува со голем број врвови кои се издигнуваат над 2000 м.
·         Шар Планина е долга 80 километри и 30 километри широка.


 ВОДА

·         Шар Планина е трета по ред на Балканот по бројот на глацијални езера.
·         Од највисоките делови на Шар Планина кон дното на Полог се спуштаат голем број слапови и водопади, од кои најмарканти се оние на Вратничка река.
·         Најголемата вардарова притока, Пена, се создава на Шар Планина. Речиси сите реки на оваа планина припаѓаат на сливното подрачје на реката Вардар.


·   Најголемо езеро на Шар Планина е Боговинското езеро. Неговата длабочина изнесува 4-5 м.
·         На Шар Планина има околу стотина извори, од кој највисоко се наоѓа изворот во циркот на Големото Езеро (2.460 м)
·         Шар Планина е трета по ред на Балканот по бројот на глацијални езера, кој изнесува 30, од кои 21 се постојани.
·         Во изворишниот дел на Боговинска Река на Шар Планина, се наоѓа фосилизиран карпест глечер со должина околу 1,5 км.


ФЛОРА

·         На Шар Планина се застапени скоро сите вегетациски појаси што се среќаваат во Македонија.
·         Шумите на Шар Планина растат до 1700 метри надморска висина, а над нив почнуваат пасиштата  кои заземаат околу 550 километри квадратни и застапени се во јужниот дел на планината . Со овој факт  се докажува зошто толкму од овој регион произлегуваат најквалитетните млечни производи.
·         На централна Шар Планина во субалпскиот појас се среќаваат единствените смрчеви шуми во Македонија.
·         Флората на Шар Планина, според моменталните податоци, брои над 2000 видови васкуларни растенија, што е повеќе од половината флора на цела Македонија. Околу 200 од овие видови се ендемични и субендемични.

·         На Шар Планина до сега се откриени околу 700 вида на силикатни алги – дијатомеи. Овие видови укажуваат на чисти води со низок степен на загадување.
·         Колку помала височина – толку поголем број видови на алги, колку поголема височина – толку повеќе екстремно ретки видови.
·         Во моментов, од Шар Планина се познати околу 365 габи. Околу 80 од овие видови може да се користат за човекова исхрана, а 18 се сметаат за значајни од аспект на биолошката разновидност.


ФАУНА

·         На Шар Планина има околу 167 видови дневни пеперутки, што е 83% од фауната на дневните пеперутки на Македонија.
·         До сега, на Шар Планина се откриени 40 видови скакулци, што се претпостаувуа дека е половина од реалната бројка. Од нив, 7 се субендемити (ендемити кои имаат голем ареал на распростанување, односно не се локални).
·         Од тврдокрилците, најзначајни се тркачите, кои се застапени со 140 видови, од кои 41 се еднемични за Шар Планина.
·         Фауната на копнени полжави е застапена со 49 видови, од кои 5 се шарпланински локални ендемити, а уште 11 се балкански ендемити.· Рибите на Шар Планина се слабо проучени, но се
·         Рибите на Шар Планина се слабо проучени, но се знае дека популацијата на поточната пастрмка е под силен антропоген притисок, бидејќи е подложена на спортски риболов со нелегални методи на ловење.
·         Од вкупно 15 видови на водоземци во Македонија, 12 се среќаваат на Шар Планина, а 5 од нив се строго заштитени видови според Конвенцијата за зачувување на европските диви видови и станишта (Бернска Конвенција).
·         На Шар Планина се регистрирани 18 видови на влекачи, што е половина од вкупниот број во Македонија, од кои 13 се строго заштитени. Меѓу нив најзначајна е остроглавата лутица, која е класифицирана како загрозена на светската црвена листа.
·         Орнитофауната (фауната на птици) на Шар Планина е застапена со повеќе од 130 досега забележани видови, од кои дури 96 се строго заштитени, а за 22 видови е потребно спроведување мерки за нивна заштита. Најинтересен е крексот – вид загрозен во Европа.
·         Во минатото, на Шар Планина се забележувале денес исчезнатите брадест и црн мршојадец, како и повеќе видови орли и соколи. Од мршојадците денес се забележува само белоглавиот, кој не гнезди на планината туку доаѓа во летните месеци во потрага по храна.
·         Значајни белези за Шар Планина се и локалната раса куче – шарпланинец, како и овцата шарпланинка.

·         На Шар Планина се регистрирани 45 видови цицачи, од вкупно 78 во Македонија. 5 од нив се класифицирани како загрозени. Од најголемо значење е заштитата на балканската полјанка, кафеавата мечка, балканскиот рис и дивокозата. Балканскиот рис е силно загрозен и мал број единки успеале да опстанат само во јужните делови на Шар Планина.



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]