Дрвокрадците ја соголија планината Караџица



Со месеци противзаконски се сече буковата шума на планината Караџица, известува телевизијата Телма. Шумската полиција е неможна.
– Шумата на Караџица безмилосно се уништува од дивата сеча – велат дел од жителите на селото Елово.
Според Ибраим Арифовски кој целиот свој живот го поминал во ова планинско село, изминатите месеци неколку негови соселани, заедно со луѓе од други места, со магариња и трактори се качуваат до врвот над селото каде противзаконски ја сечат буковата шума. За овој прболем ја известил општината Студеничани, полицијата и Министерството за земјоделство, но досега никој не му помогнал.
Арифовски вели дека со дрвокрадството пет – шест семејства прават бизнис заедно со некои шумари. Тие, според него, на шумарите и на полицијата им плаќаат за да не гледаат сечење и носење дрва.
Според Арифовски, со уништување на шумата ќе се уништи и животот во неколкуте планински села. Тој вели дека за неговите 53 години не памети ваков криминал и уништување на шумата.
Командирот на Скопската шумска полиција, пак во целост ги отфрли обвинувањата дека нивните служби не го контролираат теренот. Според него, во селото Елово и досега имало неколку пријави за незаконска сеча на шумата, а шумарите постојано патролираат во селата на Караџица.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]