Како и претходните години така и годинава од кичевскиот регион ќе бидат испорачани најголеми количества огревно дрво до потрошувачите во земјава. Поголемиот дел испорачано огревно дрво е преку синдикалните организации од компаниите, додека помали количества ќе им бидат испорачани на подружниците на „Македонски шуми“ во други градови, кои не се во можност целосно да ги испорачаат договорените количества до крајот на сезоната, а ги дополнуваат од кичевската подружница.
- Паралелно со снабдувањето со огревно дрво на жителите од нашата општина, нашата подружница и годинава со овој енергент ги снабди и најголемите градови во земјава - Скопје, Тетово и Битола. Им овозможи и на некои подружници да ги испорачаат договорените количества на огревно дрво од нашиот регион - рече Никола Танески од подружницата на ШС Лопушник-Кичево.
Тој нагласи дека на пензионерите од неколку општини им е овозможено да се снабдат со кичевско дрво преку нивните здруженија или на одделни компании преку нивните синдикални организации.
- Покрај кичевските пензионери, со огревно дрво ги снабдивме и пензионерите на едно од тетовските здруженија. За потребите за највозрасните жители од овие два града се испорачани над 4.000 кубни метри огревно дрво. Од другите компании, преку нивните синдикални организации со огревно дрво ги снабдивме вработените од РЕК „Битола“, за чии потреби се испорачани над 5.000 кубни метри огревно дрво, како и дел вработени во „Македонски пошти“ и во АД МЕПСО. Или, од договорените над 15.000 кубни метри огревно дрво за другите градови, досега се испорачани над 12.000, додека преостанатите количества се во фаза на испорака или ќе бидат комплетно испорачани до средината на есента - додаде Танески.
Што се однесува до дополнување на количествата за комплетирање на договорените испораки, кичевската подружница ќе ги дополнува на скопската и на кавадаречката.
- Бидејќи подружниците на „Македонски шуми“, „Караџица“ од Скопје и „Бор“ од Кавадарци не се во можност од сопствените подрачја да ги испорачаат договорените количества во планираниот рок, ние им излегуваме во пресрет и ги дополнуваме овие количества. Транспортот на огревно дрво до овие подружници го вршиме по железнички пат до Скопје и камионски до Кавадарци. Покрај горенаведените корисници на наше дрво, ние тековно секоја година со огревно дрво ги снабдуваме и МВР, касарната и некои училишта во селските населби во општината. Инаку, нашиот регион располага со најголеми површини со шумско богатство во земјава, кои изнесуваат над 58.000 хектари - објасни Танески.

Извор:
ConversionConversion EmoticonEmoticon