Со најновта студија на Универзитетот во Минесота – Колеџот за биолошки науки се откриваат неколку вредни информации за тоа како може успешно да се обноват шумите.
Нова студија, направена од страна на професорот Jennifer Powers и студентот Leland Werden од University of Minnesota College of Biological Sciences открива доста вредни информации за начините за успешно возобновување на уништените шумски екосистеми.
Препознавајќи ја неверојатната вредност и значење на шумите за животинскиот и растителниот свет, можноста за складирање на јаглероден диоксид, прочистување на водата и слично, луѓето ширум светот работат на тоа како да се возобноват шумите, уништени од човечки фактор преку сечење и палење.
Најтешки за возобновување се тропските суви шуми, екосистемите богати со посебни видови близу екваторот во региони со влажна и сува клима.
Со цел да се открие што е најдобро за возобновување на тропските суви шуми, научниците засадиле 32 видови на дрвја во деградирана почва и во деградирана почва со песок, лушпи од ориз, хидрогел (супстанција за впивање на влажноста). По две години од засадувањето, научниците откриле дека засадените дрвја имаат подобрена способност да ја користат водата и сончевата светлина, како и да опстанат подобро од другите видови.
„Оваа студија е важна од многу причини“-објаснува Powers.
„Прво, ни покажува дека постои можност дрвјата да растат во екстремно деградирана почва, што ни дава надеж дека навистина ќе можеме да ги возобновиме тропските суви шуми.
Второ, претставува одличен пример научниците од College of Biological Sciences во Минесота да можат да се поврзат со шумарите од Костарика, со цел постигнување на заедничката цел, а тоа е реставрација“- изјавува Powers.
Дополнително, на друго земјиште научниците извршиле засадување на дополнителни 12 садници на дрвја од истите видови на дрвја користени во студијата, со цел да го истражат својствениот микс на различни видови за засадување во различни стадиуми од „животот“ на шумата како и за развивање на најдобрите начини за реставрација на сувите тропски шуми.
ConversionConversion EmoticonEmoticon