ИПАРД со 50% за инвестициите во брзо растечки дрва


Во мерка 30221 Воведување на алтернативни системи за земјоделско производство, од ИПАРД програмaта за рурален развој може да ја планирате вашата инвестиција доколку се занимавате со дејности регистрирани под шифра 02.10 – одгледување на шуми и останати дејности поврзани со шумарство: Плантажно одгледување на дрва за сеча и биомаса (брзо растечки дрва); Расадници за шумски дрва и 01.29 Одгледување на останати повеќегодишни посеви: Одгледување на новогодишни дрва.
За ИПАРД финансиската поддршка може да аплицирате доклку сте евидентирани како  Земјоделско стопанство, Трговско друштво / трговец поединец, Задруга. Во случај на инвестициите во производство на семе или саден материјал Барателот потребно е да биде регистриран во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал / саден материјал – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (Управа за семе и саден материјал).
ИПАРД кофинансира и:
Набавка на повеќегодишни растенија
Набавка на саден материјал за брзо растечки видови на дрва чиј годишен прираст изнесуване помалку од 15 m3 по ha
Потребно е да сте лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители кои се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и макро претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
За вашата инвестиција може да добиете финансиска неповратна поддршка од ИПАРД од 50% доколку вршите набавка на основни средства за работа (опрема и машини) или пак се инвестира во реконструкција или нова градба во смисла во сите фази ( од изведба на градба, енергетски решенија, комунални приклучоци и слично).
Од материјали за градба како и земјоделски машини и опрема за одгледување насади од дрва за дрвна и био-маса (брзо растечки), одгледување на новогодишни дрва и шумски расадници (на отворено) ИПАРД финансира:
Градежни материјали / компоненти за изградба/реконструкција на објекти за поставување на потребната опрема за производство на шумски расадници
Градежни материјали/компоненти за изградба/реконструкција на сместувалиште за системот за наводнување, земјоделски машини и опрема, складирање на гориво/мазива, капацитети за чување на производи за заштита на растенија, вештачки ѓубриња и опрема за лична заштита
Градежни материјали/компоненти за инсталација на комуналии за водоснабдување, системи за вентилација, системи за греење/ладење, микроклиматски услови, производство на електрична енергија и инсталации за напојување и електрични инсталации, одвод, канализациони мрежи/резервоари, третман на отпадна вода/вода, практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии и за обезбедување на хигиенски и санитарни услови, за обезбедување на материјални услови за постигнување на стандардите за безбедност на храната и за поставување/чување на прифатливата опрема и за обезбедување на внатрешни пристапни патишта и патна мрежа во рамките на капацитетот, уредување и оградување на просторот околу капацитетот
Опрема за систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микро-прскалки и наводнување со оросување или комбинација од нив), вклучително опрема за фертиригација и производство на електрична енергија и инсталации за напојување и електрични инсталации вклучително практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии за функционирање на системот за наводнување и системи за мерење и контрола
Опрема за поставување/подобрување на потпорна конструкција (не се вклучени столбови за означување)
Опрема за складирање и манипулација на саден материјал
Опрема за надворешно мерење и контрола на температура, влажност на почвата и влажност на воздухот
Опрема за заштитни мрежи и покривки, заштита од птици, заштита од гром
Опрема за подготовка и мешање на ѓубриња, производи за заштита на растенијата,
Опрема и земјоделски машини за обработка (вклучително садење), заштита на растенија, ѓубрење и берба
Компјутерска опрема и софтвер вклучително сензори (поврзани само со прифатливата опрема)
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 3.000 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 550.000 евра во денарска противвредност.
Во вкупната вредност на ко – финансирање покрај трошоците за градбата/конструкцијата, набавката на нови машини и софтвер влегуваат исите трошоци направени за архитекти и инжењери, консултанти (на пример СЕТТИМ Консалтинг и други), физибилити и студии, сертификати, патенти, лиценци, кои се однесуваат наизготвување на проектот за ИПАРД. Она што не покрива ИПАРД програмата се трошоци направени за даноци, царини, давачки од увоз, кирија, казни, трошоци од судски спорови; нотарски заверки, судски преводи, банкарски порвизии, купување на локација, земјиште.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]