За жал во нашата држава последните години појавата на шуските пожари зема се поголем замав, така што секоја година се поголеми површини се зафатени со шумските пожари. Оваа појава зема алармантни размери, затоа е неопходно надлежните органи во нашата држава да превземат одредени мерки за спречувањето на шумските пожари и намалувањето на нивните негативни последици.
Во најголем случај предизвикувач на шумските пожари е човечкиот фактор. Праксата во нашата држава покажала дека тиа воглавном се палат од овчарите кои сакаат да ги прошират површините под пасишта и да добијат на пролет млада и сочна трева, потоа од несовесни и невнимателни сопственици на обработливо земјиште кои ги палат стрништата, потоа според најновите тврдења собирачите на одредени видови печурки за следна година да испровоцирааат поинтензивна нивна појава, но сепак мислам дека најчест предизвикувач на шумските пожари е т.н. “шумска мафија“ чии поединци шумата ја палат за да остварат финансиска корист со препродажба на опожарените дрва.
Со тоа се предизвикава голема штета на државата, како и на имотите на луѓето, а често можат да бидат и со кобни последици по животот луѓето. Се уште се свежи лузните од шумскиот пожар кој во 2012 година се закануваше да ја зафати Струмица. При гаснењето на овој шумски пожар животите ги изгибија 4 лица од кои 3 вработени на Македонски шуми кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а 11 лица се здобија со полесни изгореници.
Пожарот кај Струмица во 2012 година
Недостатокот на дрва основа за уништување на шумите
Високата цена на огревно дрво овозможи во нашата држава да се формира и да стане премногу моќна т.н. “шумска мафија“, за која пред неколку години беше посветена една епизода од емисијата “Код“ на Снежана Лупевска. Поради големиот пазар, нејзиното влијание особено е големо во скопско, каде според одредени извори на годишно ниво се трошат по околу 360 илјади m³. Големата побарувачка и малиот капацитет на ЈП “Македонски шуми“ кои последниве година, мака мачат да обезбедат за услови на Скопје незначителни 20-ина илјади m³, се плодно тло за голема заработка на “шумската мафија“. Остатокот на потребните дрва за снабдување на граѓаните на нашиот главен град се обезбедуваат преку приватните складови за продажба на огревно дрво или “на црно“ преку нелегални сечи.
Не велам дека сите сопственици на приватните складови за продажба на огревно дрво се криминалци, секако дека меѓу нив има и поштени луѓе, но гледано во целина изненадува капацитетот на овие складови, бидејќи според сите математики тие заедно со количината на дрва од снабдувачите “на црно“ обезбедуваат за главниот град преку 300 илјади m³, што за ЈП “Македонски шуми“ која стопанисува со околу 90% од шумите во Македонија е многу тешко остварливо.
Се наметнува прашањето од каде се снабдуваат со дрва приватните складови за продажба на огревно дрво во Скопје, па и во другите поголеми градови во Македонија.
Еден од нивните извори за снабдување со огревно дрво се приватните шуми, потоа мал дел од увоз, но сепак најголем дел изгледа дека доаѓаат од државните шуми со кои стопанисува ЈП “Македонски шуми“ кои пологично би било да завршат во складовите на јавното претпријатие и да се продаваат по цена загарантирана од Владата од околу 2.400 денари, а не нивната цена да достигнува и до 4.000 денари во приватните складови. Поради таа разлика во цената, граѓаните во главниот град почнуваат да се сомневаат дека во Скопје се создава вештачка криза за огревно дрво, бидејќи поединци со тоа би можеле да остварат значителен профит ?!?
Дали пожарите се смислена појава ???
Добар дел од овие огревни дрва со кои се снабдуваат приватните складови потекнуваат од опожарени површини. Е сега, за да се задоволи големата побарувачка, потребно е да има голем број на пожари кои доколку се исклучи факторот човек во природни услови, многу ретко се случуваат.
Затоа, постојат основани сомнежи дека одредени правни лица ќе си одберат дел од шумата кој им одговара за да се снабдат со дрва за препродажба или за своите складови за огревно дрво, па ненадејно во тој дел ќе избие пожар со што ќе се создадат услови за да се исече опожарената дрвна маса од овој дел од шумата.
Опожарена шумска површина која требало да биде посечена, но очигледно немало потреба од таква мерка
Одкако ќе се случи шумски пожар, на ред е на терен да излезе шумарскиот инспектор и со Записник да даде задолжение да се изработи Анекс на Посебниот план за стопанисување со шуми за опожарената површина. Со тоа се задолжува стопанисувачот, односно ЈП “Македонски шуми“ да си изработи сам на себе Анекс и да предвиди да се посече целата опожарена површина, што не е спорно и се си е согласно Законот за шуми.
Кога ќе се изработи Анексот, доаѓа на ред “умешноста на убедување“ на правното лице кое најчесто е сопственик на склад за огревно дрво, да ги “убеди“ одговорните лица во ЈП “Македонски шуми“ опожарената површина наместо да заврши во складовите на ЈП “Македонски шуми“ од каде што граѓаните ќе се снабдат со огревно дрво по пониска цена, да му ја дадат преку наводна јавна постапка токму на него и да заврши во неговиот приватен склад.
Откако т.н. правнот лице ќе ги “убеди“ одговорните лица да му ја дадат дрвната маса (во наводниов случај) на сопственикот на приватниот склад, се склучува со него најчесто Договор за продажба на огревно дрво на пенушка или на шумско-камионски пат.
И тоа не е се. За да се заработи повеќе, се бара од ЈП “Македонски шуми“ на терен да излезе Комисија за декласирање на дрвната маса и да ја намали вредноста на дрвата што е можно повеќе, за да може да си ја откупи за некоја багателна цена. Искрено не знам кои лица се вклучени во таа комисија, но не сум сигерен и дали тие знаат дека со тоа може да и нанесат директна финансиска штета и на ЈП “Македонски шуми“.
Ако се вратиме на почетокот каде напоменав дека постојат основани сомнежи дека одредени правни лица ќе си одберат дел од шума кој им одговара за да се снабдат со дрва за препродажба или за своите складови за огревно дрво, тогаш се поставува прашање: што декласира таа Комисија за декласирање ??? Слободно посетете го најблискиот склад на ЈП “Македонски шуми“ и ќе се уверите дека таму како прва класа се продава тенко огревно дрво, кое верувајте доста често е полошо од она кое се декласира. Всушност поголем дел од опожареното дрво е одлично за огрев, бидејќи неговата внатрешност е заштитена со кората.
Дури кај дабот во најголем број на случаи и нема потреба од сеча, бидејќи дебелата кора е одличен изолатор од пожари, а неговата лисна маса веќе истата година или наредната пролет повторно се обновува. Во прилог на отпорноста на дрвјата од шумски пожари говори и фактот што во Соединетите Американски Држави шумарите намерно предизвикуваат т.н. “контролирани пожари“, за да го отстранат приземниот горлив материјал во шумите.
Предизвикување т.н. “контролиран пожар“ во САД
Многу загрижувачка појава би требало да преставува доколку некој од раководните лица во ЈП “Македонски шуми“ инсистираат опожарената дрвна маса да се продава токму на овој начин, а не да заврши во складовите на јавното претпријатие и со неа да се снабдат граѓаните со дрва за огрев. Се наметнува прашањето дали евентуалната таквата појава би билаиндикатор за некаква поврзаност со т.н. правни лица, односно приватниците на складовите за продажба на огревно дрво ???
Надлежните органи да превземат мерки
Со ова се нанесува голема штета не само на граѓаните кои масовно се осиромашуваат, туку и на шумарството и на ЈП “Македонски шуми“ кое тоне во долгови и мака мачи да ги обезбеди платите за вработените и давачките кон државата. Поради ваквата појава постои опасност во блиска иднина Македонија да остане без голем дел од своите шуми.
Се надевам дека надлежните органи ќе го имаат ова во предвид, и ќе направат напори да ги сопрат евентуалните вакви манипулации. Можеби како една од мерките би била Владата на Република Македонија со Закон да забрани опожарената дрвна маса да се дава на правни лица, туку исклучиво таа да биде наменета за складовите на ЈП “Македонски шуми“ од каде граѓаните ќе се снабдуваат со огревно дрво по гарнатираната цена од самата Влада или по пониска доколку дрвната маса треба да се декласира.
Авторот е магистер по шумарски науки.
ConversionConversion EmoticonEmoticon