Ќе се зголемува старосната граница за пензија


ММФ во обид да го спаси од колапс пензискиот систем предлага граѓаните на Република Македонија да работат подолго од сегашната граница која е 62 годни за жени, 65 за мажи и кога ќе украдеш доволно за политичари и функционери. Оваа мерка посебно се однесува за секторот на шумарството каде има недостаток од млади стручни лица, кои поради неможност тука да најдат работа масовно имигрираат во западните држави каде работата како келнери и молери. 
„Според нашите пресметки за тоа во каква состојба е пензинскиот фонд на Република Македонија вработените би оделе во пензија три години после смртта. Оваа мерка не е дискриминирачка по пол, па важи и за мажите и за жените. Само на овој начин фондот би останал оддржлив, а шумарството просперитетно и со можност за имплементација на современи техники и методи“ велат од ММФ.


Со новите мерки станувањето за работа ќе има друго значење

Мерката веќе е ставена на дебата помеѓу Владата на Република Македонија, Сојузот на стопански комори, Синдикатото на шумарството и Унијата на мртви на Македонија од каде се надеваат дека ќе најдат заедничко решение за овој горлив проблем. 



Седма изорна единица на секоја власт

Сеуште е непознато како оваа мерка ќе се одрази врз резултатите од председателските и парламетари во седмата изборна единица, каде најголема концетрација на гласачи има во Бутел и која е најстабилна гласачка машинерија на секоја власт во Македонија.

Сите вести и скоро сите ликови се измислени. Да ги немаше ќе требаше да ги измислиме.

Извор: Фчерашни вести


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]