Сувото време создаде поволни услови за појава на шумски пожари. Како резултат на ваквите услови деновиве во атарот на кочанското село Пресека, на падините на Осоговските Планини избувна шумски пожар во кој изгореа повеќе од 12 хектари борова шума.
Како резултат на тешко пристапниот планински терен и силниот ветер, противпожарните екипи биле соочени со тешки услви за локализирање на истиот.
– Во гаснењето се ангажирани две наши одделенија со десет пожарникари и три возила, а ни помагаат и вработени од шумското стопанство „Осогово“. Огнот брзо се шири поради сувата вегетација и главна цел ни е да го спречиме проширувањето на буковата шума, поради што интервенираме повеќе од 12 часа. Поголем дел од пожарот веќе е локализиран и ставен под контрола, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.
Според Паунов, шумскиот пожар бил подметна и предизвикал огромна материјална штета, за што се известени и надлежните инспекторски и истражни органи.
ConversionConversion EmoticonEmoticon