МПЦ ОА насилно сака да им го одземе планинарскиот дом „Матка“ – на планинарите


Соопшетение од прес:
Скопје, 29. 01.2018 Федерација на планинарски спортови на Македонија

ТЕМА: МПЦ ОА НАСИЛНО САКА ДА ИМ ГО ОДЗЕМЕ ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ МАТКА – НА ПЛАНИНАРИТЕ

Во просториите на ДХО Даре Џамбаз Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, оддржа прес конференција на која што беа презентирани фотографии, оригинални документи и списи на кои јасно се гледа како МПЦ ОА сака да го одземе насилно планинарскиот дом Матка во свое владение, употребувајќи административно – бирократски манипулации, на кои кои за жал кумуваат и државни институции, како што се Агенцијата за Катастар и судската власт. Планинарите и Федерацијата повеќе од 75 години го развиваат домот, кој преставува не само планинарски, туку и спелеолошки и алпинистички центар од витално значење за љубителите на природата и спортот. Неправадата која им се нанесува, за жал не е санкционирана, ниту од надлежните инстанци.
- Македонската Православна Црква бараме во духот на православието, јавно да изјави, по кој основ бараат своја соптвеност врз Планинарскиот дом? Го добиле по пат на наследство, имаат извршено купо – продажба или го добиле на подарок и од кого? Повеќе од 75 години Матка е дом не само на регистрираните планинари и членки на Федерацијата, тоа е дом на сите вистински љубители на природата, планината и спортот. Црквата до сега нема ниту едно камче ставено во објектот, напротив сите планинари и верници се грижеа сиве овие години за околината и самата црква Св. Андреа. Федерацијата заедно со своите над 30.000 членови нема намера до попушти под притисокот на било која институција и било која функција. Како што сме верни на природата, остануваме верни на принципите и на правичноста, во овој случај – истакна Председателот на ФПСМ, Проф. Др Јовица Угриновски.
Планинарскиот дом Матка, веќе подолго време е под притисок, на нелегален начин да стане сопственост на МПЦ ОА. За сето тоа, беа презентирани и документи кои на чуден начин за 24 часа во Катастаорт на РМ го менуваат сопствеништото без да се наведевуање по кој основ се прави тоа...
- Ако ова ни се случува нам, може и на секој еден граѓанин на нашата Република. Во еден ден да добиете од Катастарот решение дека планинарскиот дом е сопственишто на Федерацијата и на планинарите, а веќе следниот ден, по само 24 часа, истата институција да ја прогласи ПМЦ ОА за сопственик на планинарскиот дом без основ за истото. На ова може и Девид Коперфилд да им подзавиди – реагираат од Федерацијата на неправдите!
На средбата со новинарите беше презентирана поголемата акција која ја спроведува Федерацијата и нејзините членови за Враќање на планинарските домови на планинарите и беа најавени нови активности со цел спречување на самоволието на поединци и институции на сметка на љубителите на природата....
Додека траеше прес конференцијата поддршка во битката на своите македонски колеги, пристигна од многубројни европски и светски федерации кои ги поддржуваат македонските планинари.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]