Кина ќе пошумува површина со големина колку Ирска


Во 2018 година Кина има амбициозен план да посади нови шуми кои ќе покриваат површина со големина на Ирска. Со ова тие сакаат да го подобри квалитетот на животната средина и во регионите со висок степен на ерозија да го сопрат нејзиното штетно влијание.
Со оваа мерка државата се надева дека ќе ја зголеми покриеноста со шуми за 23% до крајот на оваа декада. Станува збор за површина од околу 6,6 милиони хектари, што одговара на големината на Ирска. 
  


Покрај учеството на владините институции, во акцијата е планирано да бидат вклучени и компании, организации и специјалисти за пејсажна архитектура, а соработката помеѓу владата и општествениот капитал ќе биде на врвот на листата со приоритети.
Според официјалните податоци Кина има вкупна површина под шуми од околу 208 милиони хектари. Една причините поради која се прави ова е и големата загаденост во големите градови како што е Пекинг, па со оваа мерка се надеваат дека ќе се подобри квалитетот на животот во тие градови.
Со оваа масовна акција би се надокнадиле и загубите на површините под шуми, бидејќи околу 8 милиони хектари со дрвја биле изгубени во периодот помеѓу 2001 и 2016 година. Најголема загуба се случила во 2016 година кога исчезнале околу 700.000 хектари шума.


И покрај големите загуби по шумскиот фонд, државата напорно работи на подобрување на состојбата со цел соочување со предизвиците на животната средина и нивно решавање.
Сепак оваа не е најамбициозен план за зголемување на површините под шуми во оваа држава. Во 2011 година, кинеската влада изработила 12-ти петгодишен план, со кој се планирало создавање на 12,5 милиони хектари нови шуми - зголемување на стапката на шуми во Кина од 20,36% до 21,66% и додавање дополнителни 600 милиони кубни метри дрвна маса.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]