Вработување во ЈП „Македонски шуми“ - Отворени се 325 (триста дваесет и пет) работни места

Долго очекуваниот конкурс за вработување во ЈП “Македоснки шуми“ конечно излезе. Јавното претпријатие ја има честа да го распише првиот овогодишен конкурс за вработување, со кој се бараат 325 работници на определено работно време или по нашки кажано на договор на дело. Со огласот се бараат секачи и дотурачи за плата од 14.490,00 денари, односно 13.050,00 денари.
Е сега рака на срце навистина платите во ова јавно претпријатие се најниски од сите јавни претпријатија во нашата држава, но затоа работата е убедливо најтешка. Според голем број на анализи работата на сеча во шумарството е една од најризичните и најтешки работи во светот.
Во продолжение го објавуваме огласот во целост: 
Врз основа на член 37 - и од Законот за јавните претпријатија (Сл. Весник на Р. М. 6р. 6р. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015. 61/2015 и 39/2016) и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. Весник на Р. М. 6р. 27/2014, 199/2014 и 27/2016) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Сл. весник на РМ 6р. 129/201 5 и 27/2016), ЈП „Македонски шуми" - Скопје, објавува:


ЈАВЕН ОГЛАС 6р. 01/2018

За засновање на работен однос на определено време за 325 (триста дваесет и пет) лица до 31. 12. 2018 година
Заради извршување на работи од сезонски карактер, за следните работни места:
- Сечач - 216 (двесте и шестнаесет) лица и
- Дотурач - 109 (сто и девет) лица;
Погоренаведените работни места се во групата на даватели на јавни услуги, ниво Б04 за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- степен на образование - нк, ссз, ссс
- со и без работно искуство
Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на шумски сортименти, a за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти.
Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 14.490, оо денари, за работно место Дотурач изнесува 13.050,00 денари
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен)
Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Доказ за завршено образование и
- Уверение за државјанство.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Македонски шуми" - Скопје на ул. „Перо Наков, бр. 128 - 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 18. 01. 2018 година, a изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]