Производство на шумски јагоди, одлична можност за бизнис


Успешна приказна за можностите кои ги нудат шумските плодови ни доаѓа од соседна Србија. Таму веќе е добро развиен бизнис со производство на култивирани шумски јагоди, кои нудат можност за добра заработка. Актерите во приказнава иако не знаеле ништо за нив, тие сега ги извезуваат во Франција и се задоволни од сета работа.
На плац од 40 ари, шумските јагоди во сопственост на тројца сопственици нови претприемачи во земјоделството, на југот од Србија биле редовни приходи и пристојна плата за овој крај , но и надеж дека од паметен избор на работа може да се преживее во тешки времиња.
Сите актери во оваа приказна биле невработени и сите со дипломи во рака. Александар Илиќ (25), Александар Младеновиќ (26) и Дарко Радовановиќ (41) решиле да си ја пробаат среќата подалеку од машински техничар, архитектура и електротехнички инженер. 
Марко Малденовиќ (36) кој како претседател го собрал во организација Здружение на граѓани Канцеларија за млади Грделица, по струка е правник. И тој заедно со останатите немал никакво искуство со работа во нива.
Раскажуваат дека никогаш немале контакт со земјоделство, а сега се искусни произведувачи. Иако не верувале во оваа идеја, испаднало дека биле во право и ги откриле добрите страни на садниците со култивирани шумски јагоди.


Со добра замисла овие млади луѓе се пријавиле на еден конкурс на проект “Садење култивирани диви јагоди“ од каде добиле тракторска прскалка, машина за поставување фолии, и друга механизација, и садници за сортата регина.
„Моравме да имаме партнери бидејќи во здружението кое никогаш не се занимавало со земјоделство, а услов бил еден од нив барем да има малку искуство“, раскажуваат тие. На тие 40 ари тројцата учесници поминале помеѓу останатото и обуки за прскање, наводнување и берење. Во 2016 година набрале 2.363 кг, а во 2017 година нешто помалку од 2.130 кг. Работеле заедно, користеле една пумпа, едно црево и сфатиле дека не треба посебно да купуваат опрема кога може да ја делат.
Тие велат дека речиси цел извоз оди во Франција. Не може да кажат дека не се задоволни, бидејќи разликата во цената која им се плаќа во земји од ЕУ оди и до 100 отсто. Поради тоа не продаваат се, туку се трудат дел да претворат и во слатко или други производи. Оваа шумска јагода нема силен вкус, туку мирис и поради тоа е многу барана во кондиторската индустрија на Франција за правење пире, открива Марко.


Тие истакнуваат дека во Грделица животот не е лесен, посебно ако не работите во државна служба. Во приватен сектор платите се многу мали, работа речиси и да нема, а селата кои му припаѓаат на градот Лесковац не се на завидно ниво на развиеност. Поради тоа мештаните се свртеле кон земјоделие, а според податоците кои ги имаат во претходната година се набрани 300 тона култивирани шумски јагоди, а оваа година повеќе од 400 тона.
-Жените кои берат, ја наплќаат својата работа едно евро по килограм, така да заработката е многу повеќе од одлична. Многумина прво работеле кај нив а потоа и сами почнале да одгледуваат.
Дарко Радовановиќ чија фамилија моментално живее од производство на јагоди, вели дека претходно работел во армијата, па потоа одкако неговата единица се распаднала и во продавница, после што останал без работа.
- Сето ова го работам поради пари, а не заради тоа што го сакам земјоделството. Долго време немавме приходи, а потоа шумските јгоди ни донесоа значителни пари. Не можев да поверувам дека ова е возможно, иако Марко ме убедуваше, но дури со првите пари увидов дека овој бизнис е исплатлив – искрен е Дарко.

Целата нивна приказна може да ја прочитате овде.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]