Животни лекции кои ќе ги научите од планината


Велат дека најдобрите ментори учат без премногу зборови, па судејќи по тоа подобар ментор од планината нема. Ова се неколку од најважните лекции од овој тивок ментор.

План

Импровизацијата и планинарење во движење може да биде дел од вашиот карактер, но скапо би ве чинело. Повеќе пати поради тоа би страдале, би запаѓале во неволја и би заборавиле на важните нешта. Кога при одење на планина ќе заборавите нешто што е важно тогаш ќе ви биде наплатено тоа по висока цена. Затоа секогаш добро и детално испланиракте го секој ден и секое патување. Не е случајно кажана онаа фраза дека „Добриот план е 50 проценти завршената работа“. 

Трпение

Има ли уште? Прашање кое сами би си го поставувале кога сте уморни, често застанувајќи со погледот вперен кон највисокиот гребен надевајќи се дека тоа е крајната цел. Но постои можност да се разочарате согледувајќи дека не сте ни блиску, но сепак губите време и гледате нагоре. Трпението ќе ви го олесни патувањето, а позитивната мисла е што повеќе одите толку поблиску сте до целта. 


Упорност

Како и во се друго во животот, до врвот стигнуваат само најупорните. Некогаш за истиот пат е потребно 3-4 часа, некогаш еден час или два, но сигурно е дека ќе стигнете ако продолжите или ако сте одлучни да не се откажите. Толку е едноставно. Кога ќе се искачите на врвот, ќе исчезне секој умор и ќе заборавите на сите проблеми. Ако пред освојување на врвот се откажите и се вратите назад, тој замор и неудобност не само што нема да исчезнат, туку на нив ќе се приклучат и разочарувањето и неуспехот. 

Скратен пат

Иако скратените патеки делуваат примамливо, во суштина не ни помагаат бидејќи најчесто би се заглавиле и би изгубиле повеќе енергија и време за да се извлечите од погрешниот пат, отколку што би се изгубиле ако одите по подолгиот, но сигурен пат. 

Умор

Се разбира дека уморот постои, но всушност би биле повеќе физички спремни да поднесите, отколку психички. Секогаш многу повеќе не заморува губењето на верата во себе и мислата „Јас ова не го можам“ и секогаш се откажуваме од тие истите мисли, а не поради неможноста да продолжиме напред.


Јас сум најсилен

Преценувањето на себеси е идеален начин на планина човек да се повреди или да настрада. Тоа е класично непочитување на природата, кога и да помислите дека сте над се, многу брзо на најтешкиот можен начин ќе се уверите дека не сте. 

Паника

Кога нешто ќе тргне наопаку, а може да се случува тоа многу често, најважно е да се остане прибран бидејќи е апсолутно неопходно во тој момент со ладна глава да размислите и да донесите вистинска одлука. Со паниката би се втурнале подлабоко во проблемите. 

ТВ емисии

На тв емисиите како што се „Discovery“, „National Geography“ и слично, секогаш се делува фино, лесно, возбудливо и интересно. Во реалноста е многу поинаку. Може да ви се случи додека размислувате на емиссите да завршите заглавен во кањон каде би поминале под ведро небо цела ноќ. 

Животна средина

Секогаш околу вас се наоѓаат многу нешта кои може да ви бидат од помош и кои може да ги искористите. Морате само да научите кои се тие нешта и како да ги искористите во вистинскиот момент и на вистинскиот начин. 


Уживајте во моментот

Денес сите ние сме премногу оптоварени со социјалните мрежи, фотографиите на другите луѓе и воопшто со нивните животи. Најубавите моменти во природата ќе ги доживеете кога нема да фотографирате, туку кога едноставно само ќе стоите и и ќе уживате во нив, бидејќи и онака нема да трае тој момент вечно.  

Извор: /www.fakulteti.mk/



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]