Изјава за медиуми на Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство:
Оправдувањето на Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство и на директорот на ЈП Македонски Шуми, Жарко Караџоски за скандалот со огревното дрво, кое наместо кај граѓаните кои го имаа платено, власта го извезе во Грција, е врв во извртувањето на фактите и вистината.
Кого штити Министерството кога вели дека се извезувал опожарен бор?
Факт е дека во барањето на ЈП Македонски Шуми стои дека се бара извоз на близу 30.000 метри кубни огревно дрво.
Факт е дека Министерот Цветков одобрил извоз на 29.028 метри кубни огревно дрво.
Иронијата да биде поголема овој извоз Караџовски го бара со образложение дека побарувачката на огревно дрво во Република Македонија во 2015 година, се задоволува со домашно производство и има вишок на дрвна маса која може да се извезе?!
Сведоци сме дека голем број на семејства пред почетокот на грејната сезона останаа без дрвата кои ги имаа платено на ЈП Македонски Шуми и беа принудени да плаќаат и по 4000 денари за кубен метар од приватните складишта.
Како пример, еве нови докази – известување и фактури за извезено огревно дрво во Грција!
После ваквите докази за злоупотреби и иманипулација со граѓанините, Министерот Цветков очигледно дека почнува да се губи барајќи оправдување за злоупотребите во Министертсвото кое го води.
Тој и натаму служи како параван преку кој Груевски и фамилијата незаконски профитираат. Наместо да се сужи со навреди и нервозни оценки за тоа кој ја знае проблематиката а кој не, кој бил способен а кој не, најдобро е со време да си поднесе оставка.
Продолжуваме и натаму да работиме во интерес на граѓаните и да ја откриваме вистината, а секој што ги прекршил законите ќе одговара!
Извор:/forward.daily.mk/ - January 13, 2016 17:51
ConversionConversion EmoticonEmoticon