Што велат научниците за придобивките од пешачењето во шума ?


Патот до физичката благосостојба често не води до избор на комплицирани програми за вежбање, диети, или други рутински активности. Се разбира од овие активности имаме бенефиции, но што ако физичкото и менталното здравје е само 30 минутно пешачење? 
Во ред, не е толку едноставно. Но ова се научно проверени факти: додавање на 30 минути пешачење во шума во вашиот рутински распоред, може да ја подобри вашата физичка и ментална благосостојба, на начини на кои не мислевте дека се возможни. 
Овие сознанија од професорот Аир Пурифиер, ни нудат 5 начини за вашето здравје да биде подобрено од 30 минути пешачење во шума. Уште поголема тежина дава тоа што науката ги подржува овие здравствени тврдења.  

1. Намалување на хормоните на стрес
Кој го рекол тоа: Списанието за Јавно Здравје на Оксфорд 
Кортизолот е хормон што предизвикува чувство на стрес. Една студија откри дека 20 минути пешачење во шума го намалува учеството на кортизолот до 16 проценти, во споредба со луѓе кои пешачат во урбани области. Исто така студијата откри дека пешачењето во шума може да се користи како метод за намалување на стресот, а на средината во шумата да се гледа како на  благопријатна пејсажна терапија. 

2. Ја подобрува функцијата на мозокот
Кој го рекол тоа: Списание за здравје, животна средина и превентивна медицина
Научен тим од Универзитетот Куба собра податоци од 2 големи групи на возрасни луѓе: 500 луѓе кои биле дел од терапијата на пешачење во шума и 500 кои не биле.
Научниците дошле до сознанија дека поминувањето на време во шума го намалува: психолошкиот стрес, симптомите на депресија, влегувањето во конфликтни ситуации, а во исто време го подобрува спиењето, ја зголемува енергијата и дава чувство на “живост“.


3. Помага во борбата против клетките на ракот
Кој го рекол тоа: Списание за имунопатологијата и фармакологија
Миризбата од дрвата може да помогне во борбата против ракот, а ефектите траат и до 30 дена, според студијата објавена во меѓународно списание за имунопатологијата и фармакологија.
Прошетката во шума го активира ослободувањето на “phyntocide“, соединение што ја зголемува способноста на нашето тело да се бори против клетките на ракот. Ова беше очигледен резултат во тестирањето на телата на испитаниците и по еден месец откако биле на прошетка во шума.

4. Го регулира крвниот притисок и шеќерот
Кој го рекол тоа: Меѓународно списание за биометеорологија
Честите прошетки во шума од 3-6 километри го намалуваат нивото на шеќерот во крвта на пациентите со дијабетес, според студијата објавена во меѓународно списание за биометеорологија.
Крвниот притисок се подобрил по само 15 минутно пешачење меѓу дрвја, зеленило, според студијата на списанието за јавно здравје. Колку поекстремен е проблемот со крвниот притисок, поуспешно се регулира со прошетка во шума.


5. Се поодбрува расположението
Кој го рекол тоа: Списание за здравје, животна средина и превентивна медицина
Триесет минути пешачење во шума може да ја намали склоноста кон влегување во конфликти и чувството на депресија. Ја зголемува живоста и го подобрува ноќното спиење, според студија објавена во списание за здравје, животна средина и превентивна медицина.
Резултатите исто така покажале поритмичко отчукување на срцето кај испитаниците кои шетале во шума, со што се докажало дека шумата има смирувачки и интроспективен ефект.

Извор: /www.fakulteti.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]