Придружете ни се додека го откриваме едно од најфасцинантни живеалишта на нашата планета, преполн со диви животни и неверојатни екосистеми со овие интересни факти за дождовните шуми!
1. Секоја секунда се уништува дел голем колку едно фудбалско игралиште од дождовните шуми.
2. Дрвјата во тропските дождовни шуми се толку густо обраснати, така што кога врне дожд на дождовните капки да стигнат до земјата им требаат 10 минути.
3. Амазонските дождовни шуми се толку големи, така што ако тие се држава би била девета по големина во светот.
4. Во дождовните шуми во Јужна Америка се откриени повеќе од 2.000 различни видови пеперутки .
5. Шумите во Централна Африка се дом на повеќе од 8.000 различни видови растенија.
6. Летечките животни во Азијските дождовни шуми се и жаби, верверици и змии.
7. 80% од растенијата кои живеат во дождовните шуми во Австралија е невозможно да се пронајдат на друго место во светот.
8. Во влажните дождовни шуми во Јужна Америка мрзливецот се движи толку споро што алгите можат да растат во неговото крзно.
9. Лилјаците се од суштинско значење за опрашување на многу тропски растенија чии плодови луѓето ги јадат, како што се бананите и мангото.
10. Секоја минута се сечат околу 2.000 дрва од дождовните шуми.
11. Тропските шуми произведуваат една третина од кислородот кој и е потребен на планетата Земја за да може луѓето нормално да живеат.
12. Големите корени на дрвјата во дождовните шуми штитат од земјотреси и поплави, одржувајќи го тлото на земјата споено.
13. ¼ од состојките за модерната медицина доаѓаат од дождовните шуми.
14. Некои борови дрвја во умерените дождовни шуми на Тасманија можат да живеат и до 2.000 години.
ConversionConversion EmoticonEmoticon