После премиерата на Ехо – филмскиот фестивал во Скопје 2015 година, документарниот филм на Горан Вуќиќ и Кирил Шентевски насловен како „Прва македонска трансверзала” се прикажа и на повеќе фестивали низ светот, прикажувајќи ја недопрената убавина и природа на нашите високи западни планини.
Документарниот филм зборува за една од најважните трансверзали на Балканските простори – Западната трансверзала која го минува целиот срт на Шар Планина, Бистра, Стогово и Караорман и ги поврзува врвот Љуботен со селото Ботун, некаде на самиот праг на Охридското езеро.
Во 2014 година, креаторите на документарниот филм Горан Вуќиќ и Кирил Шентевски заедно со уште 14 други планинари учествуваа и успешно ја минаа трансверзалата каде документираа поголем дел од искуствата. Една година подоцна, заедно со помошта на постарите планинари од ЕЛЕМА и денешен ПСД Трансверзалец, тие го направија филмот.
ConversionConversion EmoticonEmoticon