Внимавајте: Неисчистени оџаци ги палат домовите


Многу семејства во текот на зимата се одлучуваат да се грејат на печки на дрва. Но греењето на дрва си бара посебни грижи, како граѓаните би се заштитиле од несаканите последици.
Грејните тела како печки, камини и шпорети на дрва претставуваат опасност од една несакана појава – пожар. Секако, причините за овие инциденти е човечки фактор, односно ненавременото чистење на оџаците.
Надлежните апелираат дека граѓаните треба да се внимателни во овој период, посебно за грејните тела кои користат цврсто гориво како огрев. Оние кои се уште не ги имаат исчистено оџаците, треба под итно да го сторат тоа. Сите овие случаи на опожарени куќи се предизвикани токму од запалување на неисчистениот оџачен канал.
Кога граѓаните не се дома, никогаш не смеат да ги остават вклучени грејните тела. Иако ова го практикуваат голем број на семејства со цел нивните домови да се константно топли, тоа може да доведе до катастрофални последици. 

Извор: /skopjeinfo.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]