За состојбите во Македонски шуми


Читајќи го предходниот натпис “ПРВИ СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА НА СМЕТКА НА НОВАТА ВЛАСТ ЗА НЕПОТИЗАМ И ЗНАЦИ НА АЗДИСАНОСТ ВО НАЈАВА”, се охрабрив и јас да напишам за состојбата во ЈП”Македонски шуми”-Скопје иако состојбата тука е на уште полошо ниво бидејќи овде се продолжи со криминалот од предходната власт и мислам дека дури и се надгради.
Имено како прво се остави неосновано на работа предходниот Директор на ЈПМШ Жарко Караџовски кој и познат по многуте скандали и криминални дејанија за време на неговото директорување со претпријатието.
Како второ се пробува преку Управниот одбор да се избутка декласирање на дрвна маса без основ и со корумпирана комисија за декласирање само за да се заташка нелегалното работење на предходната гарнитура и да се продолжи од сегашнава со тоа криминално работење. Овде сега за сега е среќна околност што Претседателот на Управен одбор е млад некорумпиран кадар кој не сака да ги потпише одлуките иако беше надгласан на предходната седница на управниот.
Понатака сеуште се држат кадри поставени од ВМРО, на места на Помошници директори кои ги поддучуваат и понатака како да работат криминално и како да го уништуваат претпријатието. Додека обичните вработени кои тужат за своите права од работни односи кои им ги одземало предходното раководство на ЈПМШ се преместуваат на други работни места во други градови или им се врши притисок истите тужби да ги повлечат.
По подружниците се праваат анекси на основите во соработка со инспекторатот за шумарство иако шумите се веќе исечени и има само ливади со што се легализира нелегалната сеча на дрва.
Се надевам на анонимност (верувајте животот навистина сеуште не е дојден) поради можни реперкусии бидејќи ова е само мал сегмент од аномалиите кои се случуваат во претпријатието.

Извор: /dokazmk.info/



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]