Тартуфи: Скриено богатство кое скапо се плаќа



Белиот тартуф (Tuber magnatum) и црниот тартуф (Tuber melanosporum) спаѓаат во родот печурки Tuber (грутка, израсток).
Со оглед на тоа дека се работи за печурки коишто растат 10 до 30 сантиметри под земјата, не е лесно да се пронајдат, па токму затоа се исклучително барани. Тартуфот е познат уште од времето на старите Египќани, Римјани и Грци, но повторно бил откриен дури во 19-от век.

Илјадници долари за само еден килограм

Белиот тартуф е повеќе ценет за разлика од црниот и може да достигне цена од 750 евра по килограм, додека за големи и ретки примероци, износот може да биде поголем и повеќе пати. 
При купување на свеж тартуф треба да се внимава кога е собран, бидејќи тука важи правилото – колку посвеж, толку подобар и поскап.
Овие печурки всушност растат во симбиоза со корењата на одредени видови на дрвја.
Ги карактеризира интензивна арома којашто најдобро може да се опише како комбинација од старо сирење и кромид, а која одлично се комбинира со тестенини, рижото, јајца, пармезан, но и јадења со месо. Својот максимум го дава кога ќе се наренда свеж тартуф во тенки ливчиња, непоредно пред сервирањето на јадењето.

Зошто се подига толкава "прашина" за овие печурки?

Одговорот на ова прашање е сосема едноставен. Тоа е така затоа што тие се исклучително ретки, растат на специфичен начин и само на одредени места, и до нив е исклучително тешко да се дојде. Исто така, тартуфите не можат да се одгледуваат, иако во минатото имало многу обиди за нивно култивирање. 
Тартуфот може да биде намирисан под земја само од добро истренирани кучиња или најчесто од добро истренирани свињи.
Во Македонија во моментов може да се купат само конзервирани тартуфи, и тоа во продавниците за здрава храна, цели, мелени, мешани со шампињони или како прелив за збогатување на аромата на храната.

Се чисти како дијамант

Иако е многу скап, сите ние poнекогаш може да си го дозволиме тартуфот во мали количества. Сепак мора да се знае основното правило во врска со оваа печурка - површината на тартуфот мора да биде беспрекорно чиста!
Печурките вообичаено имаат пониска калориска вредност од месото и рибата, а поголемо количество на белковини од да кажеме, на пример, зеленчукот, па нивното консумирање особено им се препорачува на веганите и вегетаријанците.
Тартуфите, освен што изобилуваат со минерали како на пример калиум, натриум и фосфор, коишто го штитат здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем, се верува и дека со консумирањето го подобруваат расположението, а на некои од нив им се препишуваат и афродизијачки својства.

Извор: /tocka.com.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]