На предлог на Владата на Република Македонија, на 05.08.2017 година Управниот Одбор, едногласно го избра дипл.шум.инж. Зоран Ѓорѓиев за нов Генерален Директор на ЈП “Македонски Шуми“.
Зоран Ѓорѓиев е роден на 18.02.1971 во Кавадарци. Основно и средно училиште завршува во Кавадарци. Дипломира на Шумарскиот факултет во Скопје .
Во ЈП Македонски Шуми работи повеќе од 20 години, поточно од 1996 година кога се вработува како шумарски инженер во подружницата на ова претпријатие во Кавадарци. Од 2004 до 2006 е директор на ЈП Македонски Шуми подружница Кавадарци.
Од 2013 година па до денес, Ѓорѓиев е претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.
ConversionConversion EmoticonEmoticon