Наместо за институцијата, раководител од Берово транспортирал двра за себе. Станува збор за 62-годишниот Ј.Г. вработен како раководител во подрачното одделение за заштита и спасување. Тој, од декември лани до крајот на март оваа година, му давал наредби на возачот кој го пренесувал огревното дрво, наместо во кругот на Одделението, истите да ги транспортира кај него, на приватна парцела. Оттаму, со сопствено восило, Ј.Г. дрвата си ги носел дома. Дел од нив, ги користел за сопствени потреби, а дел веројатно ги продавал на други. Вкупно истоварил дрва за близу 160.000 денари односно околу 2.500 евра.
Оваа вест е прилично стара, но суштината е да се прикаже начинот на криминал во шумарството. Целта на постирањето вакви вести е да се зголеми свеста кај луќето и кај надлежните органи, за конечно да се запре ова уништување на шумите и на шумарството.
ConversionConversion EmoticonEmoticon