Не, ова не е нова вест, туку една стара интересна вест која пред неколку години (некаде во 2014 година) беше ТОП тема по нашите медиуми. Станува збор за начинот на кој се пошумуваше нашата држава и морам да признаам дека некако ми е - симпатична и вицкаста. Да нема забуни, веста е превземана од еден наш медиум, само убаво е да се потсетиме - за “новите“ што носат одлуки да бидат свесни дека некои работи не се забораваат.
Инаку, сликава лаже, не пеат туку даваат изјава за медиуми :) Се надевам дека оние кои ќе се препознаат на сликава прифаќаат мала шала, во спортивно тешко мене :)
Вкупно 1.100 палми, планира да купи Јавното претпријатие „Македонски шуми“ за што очекува да потроши ооколу 29 милиони денари (500.000 евра) без ДДВ.
Тендерот е веќе објавен и во него се бара палмите да бидат од видот Trachycarpus fortune (влакнеста палма) и со висина на стеблото над 4 метри.
Палми вредни 500.000 евра ќе ги лажат туристите дека се на море
Тендерот, како што се појаснува од „Македонски шуми“е распишан во согласност со владина одлука донесена во рамки на Програмата за рурален развој.
Караџоски тврди дека објавената сума од 500.000 евра е само проценета вредност на набавката и дека услов за избор покрај другите услови е и најниската цена, што пак значи дека е можно палмите да бидат набавени и по пониска цена од проценетата.
Во тендерските критериуми е предвидено садниците да бидат со сертификат или уверение за нивната здравствена состојба и да имаат декларација за потеклото и школуваноста на садниот материјал.
Ако тендерот биде успешен, палмите ќе пристигнат на почетокот на ноември.
Палми вредни 500.000 евра ќе ги лажат туристите дека се на море
Според директорот на „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, палмите ќе се садат во Дојран, Преспа, Гевгелија, Охрид и Струга со цел да ги разубават туристичките места, а на туристите да им овозможат приморска глетка.
Извор: makborba.mk
Во прилог на ова би додал една стара убава песна:
Во прилог на ова би додал една стара убава песна:
За крај би додал дека само едно не ми е јасно, ај да речеме дека Генералниот беше правник и не се разбираше многу од биотехничките науки и од дендрологија, но од толку многу “советници“, шумарски инжинери и магистри по шумарство таму во Дирекцијата, зар ниту еден не му кажа отворено на Генералниот дека палмите тука нема да успеат ??? Дали му презентираа некое научно издржано истражување за интродукција на ваков вид на растенија во нашата држава - сите шумарски инжињери би требало да знаат дека во минатото во разни делови од нашата држава се формирале опитни насади за да се утврди дали одреден вид е погоден за интродукција ?!? Зар никој не направи пресметка колку би чинело одржувањето во живот на тие палми во природни услови кои не се погодни за нивен опстанок ?!?
Познавајќи го карактерот на луѓето, претпоставувам дека ако не сите, барем поголемиот дел од нив, со големо воодушевување гледале на одлуката да се купат скапи палми и со тоа да ни ја изрезилат фелата и претпријатието пред целата нација.
Ех, што се пола милион евра, ионака не ги даваа од својот џеб.
ConversionConversion EmoticonEmoticon