Корисни совети за садење на дрва во дворот


Дрвото како најголема и најдолговечна категорија на растенија се основа на секоја зелена површина. Меѓутоа, важно е според местото да се одбере и видот на дрвото, како и садницата да биде цврста и здрава. Растејќи по паркови, дрвореди, дворови, дрвјата создаваат мозаик на зелена природа во урбаниот градски простор. Покрај тоа што визуелно го збогатува ат просторот, дрвјата влијаат и на регулација на топлотниот режим, го намалуваат аерозагадувањето, ја редуцираат бучавата, ја спречуваат ерозијата на земјиштето. Еве неколку основни работи што треба да ги знаете за успешно да засадите дрво. 

Приспособувањето на видот на дрвото според видот на земјата 

Изберете соодветен вид на дрво кој одговара на вашата почва во дворот или обработете го земјиштето за да одговара на видот на дрвото што сакате да го засадите. Големината и обликот на дрвото, кога ќе достигне полна зрелост мора да одговара на земјиштето на кое се сади, како и на околниот простор, улиците, инфраструктурата. Голем број на стебла на мал простор можат да го пренатрупаат просторт и да го оштетат плочникот.
Избегнувајте да садите над подземна инфраструктура или до темели на куќа. Исто така, избегнувајте во близина на вашите куќи или патеки да садите дрва кои имаат силен површински коренов систем, бидејќи можат да ги оштетат темелите на куќата или да ги надигнат и оштетат патеките. Особено треба да внимавате кога садите липи, платани, ореви и сл.

Кој вид на дрво да се одбере 

Изберете дрво приспособено за вашите услови. Одлучете се за видот на дрвото, неговата висина, формата, како и за дрво со двојно стебло или повеќе стебла. На располагање ви се разни зимзелени и листопадни дрвни видови. Од зимзелените дрвни видови најчесто се садат разни декоративни култивари од туите, хамаципарисите, јуниперусите, но исто така може и смрчи и ели. Од листопадните тука се брезите, магнолиите, каталпите и др.
При купување на садниците побарајте школувана садници со право стебло и со добро развиен коренов системИзбегнувајте да купувате садници од зелените пазари, особено со “измиени“ и “светнати“ корени без почва. Најпогодни се садниците одгледани во нашата држава, кои најдобро се адаптирани за нашата клима и природни услови.

Корисен алат 

Голема лопата, големо платно или кеса за ставање на земјата, стап за мерење, остри ножици или нож, ракавици и канта со вода

Садење 

Кога ги пренесувате садниците, внимавајте да не ги оштетите. Исправате ги во близина на ископаната дупка, доколку крошната е во пластична саксија или кеса, отстранете ја, но не ја тргајте земјата од коренот. Ставете го дрвото во дупката и вратете ја ископаната земја. Нежно натапкајте ја земјата и полејте ја садницата убаво за водата да ги исполни сите возушни џепови околу кореновиот систем. Воздухот е непријател на кореновите жили, и доколку истите макр и кратко време се изложени на водух, изумираат.
Не садете цвеќе под дрвото, и не ја ѓубрете садницата со непрегорено арско ѓубре. Најчесто се прават грешки со употреба на непрегорено ѓубре, па после сите се чудат зашто се исушиле садниците. При употреба на прегорено арското ѓубре измешајте го со почвата.  

Нега по садењето 

Водате е исклучително важенфактор за преживување на младите садници. Редовно полевајте ги во текот на првата година. Еднаш до два пати неделно со слаб млаз вода. Најдобро е да ги полевате наутро или приквечер. Минералното ѓубре не е храна за дрвото.
При косењето на тревникот не приоѓајте со косилка за трева близу младите стебла, зашто може да ги пресечете или оштетите. Заболените и искршените гранки режете ги редовно, за да не станат жариште на заразни болести и штетни инсекти.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]