Според податоците од заводот за статистика на Македонија, струјата е најчестиот вид енергија што го трошат македонските домаќинства. Електричната енергија учествува со дури 50,3 отсто во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата.
Но, тоа што е интересно во статистичкиот извештај за 2017 година од шумарска гледна точка е зголемената употреба на биомасата, односно на дрва за греење. Податоците укажуваат на тоа дека од година во година наместо овој процент да опаѓа, што може да биде индикатор на намалување на животниот стандард на граѓаните кои се приморани да се враќаат на повтини начини на затоплување на своите домови.
Нивното учество во финалната потрошувачка на енергенти во домаќинствата лани достигна 40,5 отсто, додека претходната година овој процент изнесуваше 37,5 отсто. Тоа е уште еден индикатор дека домаќинствата се повеќе се греат на дрва отколку на нови современи и еколошки начини за затоплување на домовите кои се поскапа варијанта од затоплување со дрвото.
Во многу помал обем се користат топлинската енергија (6,6 отсто) и нафтата (2,3 отсто), а најмалку се користат цврстите горива (0,3 отсто).
Дали ЈП “Македонски шуми“ ги следи трендовите на зголемена побарувачка од огревно дрво?
Се наметнува прашањето дали најголемиот стопанисувач со државни шуми во нашата држава го следи овој тренд и ги прилагодува плановите за производство за следната година.
Слабата реализација создава секоја година недостаток на огревно дрво на пазарот, а јавното претпријатие кое стопанисува со државни шуми од година во година ги повторува истите грешки. Со тоа се остава сомнеж дека намерно се создава недостаток на пазарот од огревно дрво, па се принудуваат граѓаните да купуваат и до 50% поскапо дрво од приватните складови.
Од друга страна загрижува се почестото настојување и практика на продажба на дрво на пенушка на приватни фирми, со што им се ускратува право на голем број граѓани да се снабдат дрва по загарантирани цени од Владата преку складовите на ЈП “Македонски шуми“. Во некои подружници и преку 80% од огревното дрвото се дава на пенушка, со што во тие градови граѓаните се оставени да се снабдуваат како знаат и умеат.
Дали тоа е дел под смислено сценарио за богатење на поединци или само лоша политика на управување во шумарството не е доволно јасно, но секако дека е на голема штета на обичниот граѓанин кој и онака едвај преживува во услови на осетно намален животен стандард.
ConversionConversion EmoticonEmoticon