Зошто планинарењeто треба да се воведе како активност во основно училиште


Погледнете околу себе. На улица, во автобус, додека чекате на шалтер, во ресторан, низ парковите. Во училишните клупи, студентските амфитеатри, па дури и во најинтимните места како тоалет или во спалната соба. Што гледате? Гледате луѓе кои погледот го фиксирале во екранот на мобилниот телфон, таблетот, лаптопот или телевизорот. Тоа го правите и вие додека го читате овој текст J. Е сега ( откако ќе го прочитате текстов ) исклучете го екранот, пронајдете го одразот на вашето лице во него и обидете се да се вратите во деновите од детството кога пријателите ги запознававте во парковите, во училишните дворови и на екскурзии во природа.
Се сеќавате ли на неописливата тага кога ќе го чуевте гласот на мајкави, како ве повикува веднаш да се приберете дома кога ќе се вклучеа уличните светилки. Еј, колку долго траеа тие ноќи! Кој ќе го чека следниот ден, кога повторно ќе се сретнеме во дворот, паркот или пред зграда. Каубојци или индијанци, криенка, магарац. Другарството, караниците и смирувањето. Бевме деца, без “паметни” телефони и профили на фејсбук, а бевме среќни.
Во годините кои доаѓаа, модерното живеење потисна се она што дотогаш важеше за нормално однесување во општеството. Од детските раце исчезнаа глинените креди, ластикот, топките, а се појавија андроиди и желба за данлодирање на некоја нова”игра”. Игрите пак се претворија во дигитално насилство и неодговорно однесување. Децата често се себични, разгалени и другарите ги бираат според облеката која ја носат или моделот на телефон кој го имаат. Така и дружењето ја изгуби првичната вредност и значење, а меѓу илјадниците “френдови” на мрежата, мислиме дека никогаш не сме осамени.
Но, не е доцна. Доаѓаат нови генерации, а тоа се вашите деца кои со ваша помош може да ги насочите кон природата, планините и нов вид на дружење без било каков екран пред нив.


На планините сите се еднакви

Тука нема место за статусни симболи. По престој во природа, пријателите веќе нема да се мерат по моделот на телфон или марката на обувките. Туку по тоа кој прв ти подал рака кога требало да се премине некоја остра карпа и од тоа со колку друг луѓе ќе имате идентични насмевки и чувство на среќа предизвикани од истата причина – на пример, погледот од искачениот врв.

Другарските врски ќе станат неразделни

Сетете се на чувството на приврзаност кога еден другар ви пријде за прв пат во училишниот двор и ви понуди половина геврек. Сега удвојтего го тоа чуство кај децата, кога тие ја делат храната, водата, одат со исто темпо на патот низ планината и заедно се искачуваат на целта – на врвот на планината. Наместо фудбалско игралиште во градот каде што некој мора да загуби и да се разочара, тука сите се победници бидејќи сите го освоиле „тронот“ играјќи во истиот тим.


Децата ќе научат да се соочуваат со пречки во животот

Кога со ранец на грб, на минусни температури со  снег, мраз и дожд, ќе научат да ги „кршат“ нивните психички бариери за успешно да ги надминат пречките во природата, истиот менталитет ќе го имаат и утре во животот! Со текот на времето, како што растат , пропорционално растат и предизвиците кои се сè поголеми и потешки, па затоа ќе бидат и похрабри да се справат со предизвиците во животот. Равенката е едноставна: ако успеале да стигнат до врвот во екстремни услови, ќе успеат и во своите цели долу во подножјето.

Ќе станат поодговорни

Планинарењто бара дисциплина, како на телото така и на умот. Наместо викенд со спиење до пладне, а потоа од кревет директно на фотеља пред компјутер или телевизор, со планинарењто децата ќе научат да си легнат на време, да станат рано, а претходно сами да го спакуваатранецот со потребните намирници. Ќе научат да го почитуваат времето на другите луѓе при заеднички договор за патување.

Ќе го подобрат здравјето

Пешачењето е една од најздравите физичка активности, заради фактот дека тоа се случува во природата, со поглед во зеленило и чист воздух. Погледни ги нашите деца денес. Според последното истражување на Инситутот за јавно здравје, бројот на дебели деца во Македонија се зголемува. Па така 20% од момчињата и 15% од девојчињата на 7 и 8 годишна возраст имаат повеќе килограми од нормалното. Ова е  3 % повеќе со споредба со 2010 – та година. Дополнително 40% од второоделенците имаат зголемна телесна тежина. Овие деца се потенцијални пациенти во кардиологијата и ендокринологија, поради висок ризик од дијабетес и други хронични болести. Планинарењто му овозможува на вашето дете да потроши од 350 до 800 калории на час, во зависност од тежината и брзината со која се движи. А просечната планинарска тура не трае помалку од 4 часа, па понатаму пресметајте сами.


Ќе се намали насилството во училиштата

Можеби “храбро” тврдење, но претпоставуваме дека е точно. Пешачењето е активност која до одреден степен ја елиминира потребата да се биде помоќен во однос на другите и желбата да се совлада другиот. Ако воопшто може да се одреди целта на планинарењето, тоа  би било дека дури не е неопходно да се стигне до врвот на планината, туку да уживате во пределите што нè опкружуваат, попатно да ги совладаме природните пречки, но и нашите сопствени слабости. Кога децата работат заедно за да ги надминат пречките и сопствените слабости, тие исто така го зајакнуваат пријателството.

Способност да донесат вистински одлуки во вистинско време

Да се вратиме на претпоставката дека целта на планинарењто не е секогаш да се искачи врвот. Планината секогаш го има последениот збор, а нејзините закони мора да се почитуваат. Лошите временски услови  многу често знаат да бидат причина за откажување  на планинарите од целта – да се дојде до врвот. Со тоа децата ќе научат дека ова не е пораз, туку напротив, способноста да се донесат правилни одлуки со кои ќе си го заштитат здравјето, а кога ќе пораснат тие правилни одлуки може да им го спасат и животот.

Ќе бидат по одговорни и истрајни во домашните и училишните обврски

Зар тоа не е така? Покрај неговиот искусен водич, детето со тек на време ќе се охрабри и самиот да организира планинарски акации и претохдни подготовки за нив. При подготовка за планинарење, потребно е истражување на теренот кој планираме да го посетиме, планирање алтернативни рути, методи на хидратација ако попатно нема извори на вода за пиење, пакување на опремата и намирниците што понекогаш претставува уметност и т.н. Е кога ќе дојде време за да се напише домашното или да се организираат играчките, облеката или други работи во детската соба, способностите стекнати за подготовка на планинарење ќе дојдат до израз.


Ќе бидат по снаодливи

На планинарските тури децата ќе научат како да запалат оган, да ја прочистуваат водата од сомнителни извори, да се ориентираат во природата. Дополнително ќе ја зголемат  нивната свест за зачувување на зеленилото, планините и на целата животна средина. Планината ќе им овозможи учење за природата и од природата.

И што е најважно …
… ќе станат подобри луѓе

Кога се наоѓаме во природата, во овој случај – на планина која го има последниот збор, дури тогаш сфаќаме колку сме мали. Кога некое лице се враќа на природата, тој управува со самиот себеси. Односно чувството на духовно задоволство кое ја надминува потребата за материјалното, ќе ги промени вашите деца од корен. Долу во урбаните среди ќе се соочат луѓе во фотељи, чие его е поголемо од планините. Но, се чини дека егото не преживува на надморска височина над 500 метри. Директорот во фотеља или градежен работник – на планините сите сме исти и радоста за повторна меѓусебна средба во овие прекрасни места е заедничка и искрена.

Извор: lungful.net – текстот е усогласен со статистички податоци за Македонија.
            /www.healthylife.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]