Функциите на шумите човекот слично ги третира како и функциите на човековите органи – додека со нив се е во ред не им се посветува доволно вниманите. Маѓутоа, кога ќе се појават првите проблеми тогаш луѓето започнуваат да ги ценат и тогаш всушност се согледува колкаво е нивното значење и вредност за општеството е екосистемот.
Во последно време сведоци сме на се поголемите пореметувања во шумските екосистеми, како во нашата држава така и во целиот свет, како на пример: елементарни непогоди, ексцесни климатски појави, загадување на околината, климатски промени, биотски причинители и др.
Сите овие појави неповолно влијаат врз состојбата на шумите која треба постојано да се поправа и одржува, поради што потребни се големи финансиски средства кои шумарството самото многу тешко може да ги обезбеди.
Поради тоа за да се помогне шумарството во напорите за зачување и подобрување на состојбата на шумите Владите во развиените држави на разни начини обезбедуваат финансиски средства за негова финансиска помош. Така на пример во Хрватска, согласно нивниот Закон за шумите, правните и физичките особи кои извршуваат стопанска дејност во оваа држава, обврзани се да плаќаат надомест за користење на општекорисните функции на шумите. Тоа значи дека сите категории на данични обврзници без оглед на видот на пресметка на данокот воедно се и обврзници за плаќање на тој вид на надомест.
За шумите да можат да исполнуваат своите функции тие треба да бидат во оптимална состојба, па затоа овој надомест е од големо значење за шумарството. Овој надомест се користи за одржување на општекорисните функции на шумите чии придонеси се:
· еколошки – одржување на водниот режим, прочистување на водите, противерозивна заштита, заштита од порои, климатско прочистување на воздухот во урбаните средини;
· социјални – здравство и рекреација, естетика и туристичка улога;
· социјално-еколошки – очувување на генофодот, биолошка разноликост на растителниот и животинскиот свет, одржување на природноста на шумите, намалување на UV зрачењето, производство на кислород и др.
Надоместокот за користење на општекорисните функции во Република Хрватска се плаќа во висина од 0,0265% од вкупните приходи остварени во државата и во странство без ДДВ. Овие средства се користат за:
· обнова на шумите во карстот;
· заштита на шумите;
· стопанисување со шумите во карстот;
· за санација на шумите зафатени со одумирање на стеблата и со други непогоди;
· изградба на шумски противпожарни патишта;
· зачувување на генофондот; и
· истражување во шумарството (научна работа).
Корисници на средствата собрани од надоместот за користење на општекорисните функции на шумите во Република Хрватска се:
· Непосредно:
o Хрватски шуми д.о.о. – за стопанисување со државните шуми;
o приватните сопственици на шуми;
o пожарникари
· Посредно:
o приватните претпиемачи во шумарството;
o прватните претприемачи за изградба на патишта и некои други дејности;
o научниците.
Аргументи за ваква надокнада за шумите
Шумските пожари во Република Хрватска во изминатите години се еден од најголемите еколошки проблеми. Само на островот Брач во шумски пожари изгореле околу 5,200 ха. Овие уништени шуми треба да се обноват, па затоа државата преку вакви извори на финансиски средства го фининсира пошумувањето на овие опожарени површини.
Исто така и поплавите се сериозен еколошки проблем во оваа држава. Во шумите се акумулираат најголеми количини на поплавните води. Таа вода предизвикува штети во шумите кои потоа треба да се санираат.
Шумите често се на удар од снеголоми и ветроизвали. Во 2014 година шумите во Горски Котар биле погодени со една од најголемите непогоди во историјата на шумарството во Хрватска. Била предизвикана штета на околу 3,5 милиони м³ дрвна маса и штетата била проценета на околу 1,7 милијарди куни. Поради тоа во буковите шуми се јавила потреба од санација на штетите од снеголомите.
Одредени делови од шумите се погодени од масовно изумирање на стеблата како резултат на разни неповолни влијанија. Abies alba и Quercus robur имаат претрпено значителни оштетувања. Ова е еден од најголемите проблеми во хрватските шуми кои треба да се реши и за кој се потребни големи финансиски средства.
Покрај тоа, околу 1 милион ха од површината на државата која е со шуми кои немаат стопанско значење, имаат потреба од нега. Во овие шумски површини стопанисувањето со шумите, нивната заштита од шумски пожари, заштитата од ерозијата и од порои е обврска на целото општество, па затоа државата обезбедува пари за ваквите површини.
Ние со несериозен пристап кон шумите
Очигледно некои држави сериозно го имаат сватено значењето на шумите за општеството и екосистемот, па наоѓаат разни начини како да се финансираа заштитата, одгледувањето и одржувањето на шумите и шумските екосистеми.
Изгледа ние сеуште лутаме во тој поглед и шумите во нашата држава се препуштени самите на себеси. Се чини дека оние средства кои ги двои државата за заштита на шумите се многу мали. Секоја чест што новата Влада која подобро го сваќа значењето на шумите, па со својот буџет за оваа година предвидела дупло повеќе од претходната година, но се чини дека и тоа е исклучително малку. Со новиот буџет за оваа намена предвидени се околу 340.000 евра или околу 0,2%, што е минорно во однос на вкупниот буџет на МЗШВ од околу 165 милиони евра.
Сепак грешката не е само во државата туку и во нас самите, бидејќи за жал и оние малку средства кои државата ги донира за заштита на шумите ние веднаш ги пренаменуваме за други цели, кои имаат малку допирни точки со заштитата на шумите. Државата надвор од овие предвидени средства наоѓа начини како да и помогне на заштитата, но изгледа дека нашиот несериозен однос ги прави овие донации далечни за заштитата.
Се надевам дека конечно државата ќе го свати значењето на шумите и во иднина ќе обезбедува поголеми финансиски средства за зачување и подобрување на состојбата на нашите шуми, бидејќи тоа е скапа работа за која се потребни големи финансиски средства, средства кои субјектите кои стопанисуваат со државните и приватните шуми во нашата држава не можат да ги обезбедат во доволна количина.
Исто така се надевам дека и ние самите ќе сватиме дека без сериозен пристап кон заштитата ја губиме битката за зачувување на ова наше природно богатство, а без него нема да постоиме и ние како индустриска гранка.
ConversionConversion EmoticonEmoticon