Според Законот за шуми на РМ (Сл. Весник на Р. Македонија бр. 64/09 од 22.05.2009) шумата претставува шумски екосистем кој постои на шумско земјиште обраснато со шумски видови дрвја и грмушки. Шумата ги опфаќа и површините коишто се тесно поврзани со неа (шумски голини, ливади, шумски патишта и сл.).
Минималната површина обрасната со дрвја, која е поголема од два ари се смета за шума, а дрворедите, парковите во населени места, крајбрежните стебла или групите на дрвја кои се помали од два ари, не се сметаат за шума.
Шумите како природно богатство се добро од општ интерес за РМ и уживаат посебна заштита.
Без оглед на сопственоста и намената, шумите имаат:
· производни функции (се однесуваат на производство на дрво и други шумски производи)
· заштитни функции на шумите се остваруваат преку:
o заштита на земјиштето, сообраќајниците и други објекти од ерозија, порои и полави,
o заштита на електроенергетски, хидромелиоративни, водоснабдителни системи и објекти,
o заштита на населби и објекти одјавен и локален интерес,
o облагородување на урбаните зони
· општокорисни функции на шумите се остваруваат преку:
o позитивно влијание на климата и климатските промени
o заштита од загадување на земјиштето и подобрување на плодноста
o намалување и запирање на ерозивните процеси
o прочистување на атмосферата и создавање на кислород
o создавање поволни услови за закрепнување, одмор, спорт, рекреација
o зачувување на природните вредности и биолошката разновидност
o развој на туризмот и ловството
o одбрамбени активности
o влијание на убавината на пејзажот.
Како што се гледа шумите имаат голем број на корисни функции за општеството и екосистемот, па затоа е тешко прецизно да се пресмета нивната вредност.
ConversionConversion EmoticonEmoticon