Што ви е потребно за безбедно движење во планина?


Пакувањето за движење во природа и на планина е прашање на да се земе или да се остави дел од опремата и облеката. Со се поголемиот избор специјализирана и квалитетна опрема, се наметнува потребата од ограничување на товарот кој го носиш во ранец, на работи кои ќе те чуваат безбеден, сув и комфорен. Идејата е да се носи тоа што е потребно и да се остави неполезното дома. Повеќе опрема и облека можеби те прават да се чувствуваш посигурно и поудобно но дополнителната тежина може да те ограничи во тоа колку долго, брзо или високо ќе стигнеш.
При купувањето на облека, бирај лесна облека која не е габаритна и која ќе те затоплува до самите маргини на условите кои очекуваш да те снајдат при планинарењето. Најкорисните и најефикасните работи за планираната употреба не се секогаш и најскапите. Сепак ни најефтината опрема не е најекономичната, туку преку искуството ќе препознаеш особености и атрибути на секоја опрема за кои вреди да се плати денар повеќе.
Облеката ти помага да останеш во удобна состојба со создавање на тенок изолациски слој од воздух веднаш до твојата кожа. Непријателите на комфорот - врнежите (влажноста), ветерот, жештината и студот делуваат против овој заштитен слој од воздух. „Удобност“ вообичаено е релативен термин за планинарите. При ненаклонети временски услови, планинарите се приморани да истраат многу повеќе од концептот за комфор кај повеќето „обични“ луѓе. Затоа, во планинарењето, клучот за одржувањето релативен личен комфор (наспроти природата) е да останеш сув, или кога си накиснат, да останеш топол и да се исушиш во најскоро време.
Планинарската облека има и поголема функција од овозможувањето удобност. Кога си на планина, при влошување на временските услови, немаш можност набрзина да се вратиш во цивилизација, и при такви ситуации мораш да се справиш со нив за онолку долго колку што ќе траат. На пример, долги периоди со врнежи, дури и на умерено ладни температури и/или изложување на силен ветер (wind-chill), може да предизвикаат телесната топлина опасно и неконтролирано да ти паѓа што те доведува во хипотермија. Внимателно бирај го твојот систем на облека за да бидеш уверен дека ќе ги преживееш и подолготрајните изложувања на ладни и влажни услови.
Спротивно, облеката мора да те заштити и од прегревање на топло време и да спречи непотребно потење, кое може да ја намокри облеката, што може да предизвика дехидрирање. Вентилацијата, дишењето на материјалот и заштитата од сончевите зраци се исто така дополнителни работи кои треба да се имаат на ум при купување облека за во планина.
Имај наум дека ниедно парче облека не е идеално за секој планинар или за секоја ситуација. Еден планинар може да носи сосема различен систем на облека од друг во зависност од нивната телесна структура и метаболизам. Ниту пак, секој планинар треба да ја носи истата облека на секоја тура. Најдобар начин во бирањето на облека е преку trial & erroг, држејќи се до стратегијата која ти овозможува најголема удобност.

Слоеви

Оптимизирај ја ефективноста и разнобразноста на облеката со носење на систем на слоеви. Слоевите ти олеснуваат да се прилагодиш на променливите температури и услови во планините. Целта на слоевите е да ја одржат твојата телесна температура на комфорно ниво во секое време, со најмала тежина и зафатнина на простор. Основниот систем се состои од три типа на слоеви:
1.       Слој веднаш до кожата (дозволува потта да премине во следниот слој, оставајќи ја кожата сува);
2.       Инсулациски слој (да го задржи топлиот воздух од телото);
3.       Надворешен (заштитен) слој за заштита од ветер и вода.

Ткаенина
Предности
Недостатоци
Употреби
Памук
Добар во топло време. Дише добро. Удобен е кога е сув.
Многу впивлив; се суши бавно. Губи квалитет на изолација кога се мокри. Несоодветен за ладни или влажни услови.
Заштита од сонце, марами, капи, маици.
Волна
Поголемо триење и отпорност на ветер од повеќето синтетички материјали. Го задржува квалитетот на изолација кога е мокра. Високо триење на снег, мраз. Не се топи на висока топлина.
Потешка, апсорбира повеќе вода и се суши побавно отколку повеќето синтетички материјали. Може да биде гломазна.
Слоеви на кожата, изолација, и надворешни слоеви (џемпери, кошули, панталони), капи, ракавици, чорапи.
Polyester или polypropylene
Повеќето видови апсорбираат помалку вода. Го задржува квалитетот на изолација кога е мокар. Лесен на тежина.
Некои видови задржуваат мириси. Не се отпорни на ветер. Може да биде гломазен. Се топи на голема топлина.
Многу различни форми. Слоеви на кожата (долна облека, маици) слоеви на изолација (влакна, волна), капи, ракавици, чорапи.
Најлон
Силен, издржлив, лесен. Добар отпор на ветер и триење.
Прилично впивлив ако не се третира добро. Може да се исуши бавно. Лизгав. Се топи на голема топлина.
Надворешни слоеви (облека за ветер, панталони за дожд, ракавици без прсти), капи, чорапи со бариера за пареа.
Еластична или проткаена мешавина од најлон
Разноврсна. Еластична, трајна, прилично заштитува и е отпорна на ветер. Обично брзо се суши. Широк спектар на удобност.
Некои видови се сушат бавно. Може да се закачи. Може да биде скапа.
Слоеви на кожата, лесен среден или надворешен слој (панталони, кошули}.


Листа на планинарска опрема

Облека

·         Основен слој (долна облека) Горен и Долен дел - 1-2 пара волнени или полиестерски маици со долги и кратки ракави и еден пар волнени или полиестерски ѕиври.
·         Еден тенок и еден среден полар или еден тенок полар и една софтшел јакна (со капа)
·         Тенки трекинг панталони со ногавици на патент и средни од материјал кој добро дише Навлечна јакна – Gore-Tex или од друг водо-ветероотпорен материјал кој дише.
·         Навлечни панталони – Gore-Tex или од друг водо-ветероотпорен материјал кој дише.
·         Навлечна јакна (и панталони) со бели пердуви или со вештачка инсулација (прималофт)
·         Капче за сонце, за дожд и полар капа (балаклава)
·         Тенки стреч ракавици од полар
·         Ракавици (со прсти или цели) со инсулација или одволна и навлечни од Gore-Tex
·         Гамашни - Добро лежечки од водоотпорен материјалили Gore-Tex
·         Чорапи 3-4 пара (тенки (за трчање) и средни од полиестер и дебели од волна)

Чизми

·         В1 чевли се меки, лесни и флексибилни кои се погодни само за ридски терен или лесен трекинг, и во летни стабилни услови на сите наши планини.
·         В2 чевли се полу-тврди кои се најпогодни за летниот период во Алпите, а кај нас до почетокот на зимата и на пролет. Тие се компатибилни со неавтоматски и полу-автоматски дерези. Се прават од кожа (2,2мм дебелина макс, поудобни и подобро дишат) и вештачки композитни материјали правејќи ги потопли и поводонепропустливи, но помалку издржливи.
·         ВЗ чевли се крути наменети за зимски, ладни замрзнати терени целосно компатибилни со сите типови на дерези. Овие чизми се носат на поголеми височини (мин, Алпи во зима) или за повеќедневен зимски престој во нашите планини.
·         Најважни карактеристики на добрата чевла се Vibram ѓонот, превртената кожа (поиздржлива на абразивни сили и водоотпорна), флексибилност кај глуждот и висок калап што дава поголема стабилност и контрола на движењето.

Техничка опрема

·         Цепин - За класично планинарење 55-60 cm, права рачка, пик Тип Б
·         Дерези - со 12 запци (мануелни или полуавтоматски) и со anti-balling капачиња.

Останато

·         Ранец - Едноставен и лесен ранец со внатрешна рамка и капацитет до 35-45 литра за дводневни тури и 65-75 литра за повеќедневни тури. Со анатомски потпирач и добар систем на вентилација на грбот
·         Стапчиња за одење со клик систем на собирање
·         Шише/сад/ бабуле за вода и Термос за чај. Челна ламба со резервни батерии и свирче
·         Џебно ноже и алу/пластлажичка/вилушка и лесни садови за јадење
·         Личен прибор за прва помош - За плускавци, изгореници од сонце, стомачни тегоби и за главоболки (и за алергии ако си).
·         Наочари за сонце - минимум Кат. З и заштита од УБА и УВБ зраци (планинарски/пилотски)
·         Маска за скијање
·         Крема/спреј за сончање (мин фактор 30) и лабело (со фактор 15)
·         Фотоапарат
·         Прибор за лична хигиена (тоалетна, пешкир, четка и паста, сапун)
·         ГПС уред и мобилен телефон, Планинарска книшка

10 неопходни работи за безбедно движење во планина

1.       Мапа (навигација)
2.       Компас (висиномер)
3.       Челна ламба со рез. батерии
4.       Екстра храна
5.       Екстра облека
6.       Наочари за сонце
7.       Прва помош - прибор
8.       Џебно ноже (мулти-тул)
9.       Кибрит/запалка
10.   Фајрстартер

Извор: /makedon.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]