Шумски крлеж и болести кои ги пренесува – како да се заштитите?


Крлежите се ситни, неколку милиметри долги животинчиња кои и припаѓаат на групата членконоги и пајаковидни. Тие се значајни за здравјето, бидејќи се хранат со крвта на животните и човекот и можат да пренесат некои заразни болести. За да можеме што посигурно и побезгрижно да одиме во природа, добро е по нешто да се знае за тие животинки, за ризиците кои тие преставуваат за луѓето и за начинот на заштита на здравјето.

За крлежите

Крлежи се 1-5 mm долги животинки (зависно од развојниот стадиум и пол) кои спаѓаат во групата крлежообразни членконоги, класа пајаковидни членконоги, ред грини. Телото им е изградено од капитулум (главата срасната со телото) и идиозомот кој ги носи нозете. Имаат четири пара нозе (како и пајаците, за разлика од инсектите со три пара на нозе). Во својот развој минува низ четири фази (јајце, ларва, нимфа, возрасно). За својот развој имаат потреба од исхрана на крв, поради што повремено живеат како паразити на животните (птици и цицачи), на кои им ја цицаат крвта. Тие првенствено се паразитски животни,вклучително и човекот. Наполнети со крв големи се како зрно грашок. Постојат бројни видови на крлежи и ги има по целиот свет.
Во Македонија е најраспространет и на човекот начесто се паразитира т.н. шумски крлеж (Ixodes ricinus).
Крлежите се значајни бидејќи може да бидат преносители на голем број болести. Во нашата држава на човекот може да пренесат три болести: лајмска болест (Lyme boreliozu), крлежен менингоенцефалитис (КМЕ) и ерихолоза.
Лајмска болест
Крлежите се заразуваат при паразитирањето на шумските животни, а заразата со својот убод може да ја пренесат и на човекот, ако тој се најде во нивната природна околина. Појавата на тие болести зависно е од природното живеалиште на преносителот – крлежот, па се појавува само на одредени подрачја. Најизложени се луѓето кои професионално или рекреативно престојуваат во природа на подрачјата каде постојат природни жаришта на крлежи (шумари, шумски работници, војници, планинари, ловџии, излетници, туристи).
  
Каде и кога крлежите може да се најдат во природата?

Шумите и ливадите им нудат дом на крлежите. На луѓето кои ги посетуваат заради излетничките задоволства или заради работа може да им направат непријатности. Се наоѓаат на листовите и гранките од грмушките, ниските растенија (до висина од 1 m), во шикарите и во приземниот слој на шумите. Крлежот има мал радиус на движење, а оддалеченоста која може да ја прејде зависи од развојниот облик. Возраснатите во потрага по храна може да прошетат неколку метри во ширина. За активноста на крлежот важна е поволна температура и влажност, поради што имаат сезонска активност – сезоната на нивната најголема бројност е во пролет и во рано лето, а може да се сретнат и во рана есен.

Како доспеваат до човекот крлежите ?

Крлежите својата жртва не ја бараат активно како на пример комарците, туку чекаат проаѓање на домашните животни или човекот во тревата, гранките и листовите од грмушките. Кога домаќинот ќе го допре крлежот, тој со нозете се закачува и преоѓа на него, по што оди по телото барајќи поволно место каде што може да ја пробие кожата и да пие крв (потрагата по место за убод трае и повеќе часови, прободувањето на кожата неколку минути, а самиот убод не се осетува поради состојките од слузот на крлежот кои делуваат како анестетик).

Забоден крлеж во човечка кожа

Општи мерки за заштита од крлежи

1. Облечете соодвена облека и обувки за престој во природа (долги ракави и ногавици вовлечени во чорапи, затворени кондури). Да се избегнува облека во темни бои (крлежот тешко се забележува) и материјали во влакненца како волна, бидејќи на неа крлежите полесно се фаќаат.
2. Движете се по обележени патеки, избегнувајте провлекување низ грмушки, лежење на земја, ставање на облеката на грмушки.
3. Применете репеленти (средства за одбивање на крлежи) на голи и изложени делови од телото и евентуално на облеката (да се користат според упатствата на производителот – да се проверат упатствата за производителот!).
4. Прегледувајте се во текот на престојот во природа (секои 2-3 часа) и после враќањето од природа дали имате на облеката некој крлеж за да го отстраните. За тоа обично има доволно време бидејќи крлежот, откако ќе доспее на домаќинот, доста долго (и повеќе часа) “шета“ барајќи погодно место за убод. При враќањето од природата преоблечете се и внимателно прегледајте го целото тело (со помош на друга особа поради непрегледните делови од телото). Посебно проверете ги делови од телото со нежна кожа (зад ушите, тилот, вратот, препоните, дојките, пазувите, подрачјата зад колената, пупакот...). Кај децата често може да се најде на главата – тоа е поради тоа што децата се ниски и повеќе се играат во тревата одколку возрасните, па полесно може да соберат некој крлеж со главата, односно горниот дел од телото. Ако забележите крлеж што поскоро отстранете го од кожата.
5. Истуширајте се по враќањето од природата.
 Против крлежниот менингоенцефалитис постои заштита и вакцина. За вакцинирање посоветувајте се со епидемиолог во најблиската здравствена установа.

Постапка во случај на убод од крлеж – кога веќе се прицврстил за кожата

1. Ако сте забележале крлеж на кожата важно е да го отстраните што поскоро – ризикот од инфекции е поголем колку е крлежот подолго прицврстен. Крлежот полесно е да се отстрани во првите неколку часови по убодот.
2. Ако крлежот се прицврствил веднаш извадете го со пинцета, (препорачливо е претходно да се измијат рацете, а пинцетата да се пребрише со антисептик) зафаќајќи го што поблиску до главата, уз кожата и со лесно повлекување без непотребни манипулации да се извлече од кожата. Немојте крлежот со ништо да го премачкувате – крема, уље, масло, алкохол, лак за нокти, петролеј и сл. Или “да се гори“ со огин и не го повлекувајте нагло, не стискајте, ниту не го нагмечувајте крлежот, бидејќи со тоа предизвикувате негово згрчување и зголемено излачување во човековото тело на поголеми количини на причинителот на болестите, при што полесно се пренесува заразата ако е заразен. 
3. По остранувањето на крлежот препорачливо е местото на убод да се дезинфицира – да се премачка со антисептик.
4. Извадениот крлеж по можност ставетего во кутиче или вреќичка и фрлете го во ѓубре.
5. Кај лекар информирајте се за болестите кои може да ги пренесуваат крлежите и за начинот на заштита. Ако ги забележите симптомите јавете му се на лекарот или ако црвенилото и раничката на место на убодот не пројде после 3 денови (црвенило од иритација убодот проаѓа за 1-3 денови).
6. Ако никако не можете да го извадите крлежот, одете на лекар.


Начин на вадење на крлежот

Ако на себе сте забележале крлеж - не паничете ! И во подрачјата кои се природни жаришта на болести кои ги пренесуваат крлежите, не се заразени сите крлежи. Поради тоа, мал е статистичкиот ризик од зараза при убод од крлеж. Опасноста се зголемува со повеќекратно и зачестено изложување на убоди од крлежи. Поради тоа важно е да се знае како да се заштите.
Ако при вадењето на крлежот неговата глава остане во кожата - не паничете. Чим телото е одвоено од главата оневозможен е пренос на заразата; можете да се обидете внимателно да ја извадите со игла (да се внимава на дезинфекција на постапката!), но вашиот организам после одредено време главата како страно тело самиот ќе ја отфрли.
За дополнителни прашање и совети во врска со заштитата и вакцинирањето консултирајте се со лекар.



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]