Накратко за пошумувањата во Македонија во минатото


Македонија има долга традиција во пошумувањето. Податоци за периодот од пред II светска војна за жал се нецелосни (на пр. во Кичевско е можеби најстарата борова култура од 30-те години).
Пред да го започнам текстов би сакал да објаснам дека вообичаена мерка во науката и шумарството за изразување при пошумувањето е хектар, а не број на дрвја.
Во периодот 1960-2013 година се пошумени повеќе од 200.000 ха. Помеѓу другото во овој период пошумувано е и на екстремно тешки терени, на пример околу Криволак или на некои тешки камењари и многу стрмни терени.
Успешноста за перидот 1971-90 е различна според проценки е околу 65-70% но се додека не се направи точна инвентаризација на шумите нема ни да ја знаеме точната вредност. Во перидот од 1971-1990 постои и т.н "Фонд за пошумување на голини". Пошумувањето во тој период се изведува преку општините (а скоро сите тогашни општини имале и шумско стопанство). Притоа фондот обезбедувал 80% од средствата, а општината партиципиралa со 20%. Пошумувањето е вршено стручно и со техничко раководење од иженерите и техничарите од шумските стопанства.


Три (3) години после пошумувањето е вршена т.н. Колаудација или технички прием, при што стручни тимови од тогашниот "Шума проект" (денешен Сектор за уредување на шуми и ловишта и проектирање при ЈП “Македонски шуми“) излегувале на терен премерувале, картирале и ја оценувале успешноста.
Врз основа на колаудацијата доколку се докажело дека е неоправдано пошумена помала површина или успешноста е мала, биле задолжувани општините на свој трошок повторно да пошумат. Тоа било реткост. Некаде пошумувањата поради разни причинии било и делумно успешно (пред се екстермни услови на теренот, некоја природна непогода или едноставно животни уништиле), но ако имало објективни причини се прифаќало оправдувањето.
Во тој период се пошумени околу 100.000 ха голини (просечно 5.000 ха годишно) при што екстремите се постигнати во периодот 1978 - 1983 година, а во 1982 година се пошумени 11.328 ха.
Врз основа на достапните податоци од официјални извори, за периодот од 1960 - 2013 година (со мали празнини во податоци за периодот 1994-1998 година) изготвен е следниот график.


Густина на пошумувањето

Густината на пошумување зависи пред се од дрвниот вид и теренските услови, но и други параметри. Порано на одредени локации се садело дури и со 10.000 садници/ха, но обично било околу 3.500 садници/ха, а таа вредност е намалена подоцна во зависност од дрвниот вид (пример кај бор 1.500-2.500 садници/ха).

Позитивни ефекти од пошумувањата

Со сите овие активности значително е намалена и ерозијата на земјиштето која во минатото правела огромни штети, а благодарејќи на овие пошумувања е минимизирана на тие локации.
За жал има уште многу голини каде ерозивните процеси се многу силни кои треба да се озеленат во иднина па зеeдно со другите противерзоивни мерки пред се технички објекти да се намали што е можно пробелмот со ерозијата.

За текстот благодарност до проф.др. Иван Блинков


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]